fbpx
Таг: технолошки компании

таг: технолошки компании

Директорот на ТикТок пет часа во Конгресот зборуваше за врските со Кина

Извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чју беше принуден да ги брани односите на неговата компанија со Кина, како и заштитата на најмладите корисници, на вчерашното тензично сослушување во американскиот Конгрес. Сослушувањето доаѓа во време кога и двете политички партии во САД притискаат целосно да се забрани кинеската апликација, поради загриженост за националната безбедност. Ова е прво појавување пред американските...

Извршниот директор на ТикТок денеска ќе биде сослушан во американскиот Конгрес

Извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чју денеска за првпат ќе сведочи во Конгресот на САД и ќе се соочи со американските законодавци. Политичката бура околу видео платформата се интензивира, а ТикТок се соочува со закана од администрацијата на Бајден дека ќе биде целосно забранета на територијата на САД. ТикТок, која е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“, долго време...

Гугл го лансираше својот чет-бот Бард, но само за лица над 18 години

Гугл вчера го лансираше својот чет-бот наречен Бард, за почеток во Обединетото Кралство и САД, и во моментов е достапен само за одредени корисници на возраст над 18 години. Станува збор за круцијален момент за компанијата, чија профитабилна услуга за пребарување на Интернет е под ризик да биде надмината од чет-ботовите со вештачка интелигенција (ВИ), и покрај тоа што чет-ботовите...

Британските министри добија забрана да користат ТикТок на службените телефони

На министрите во британската влада на нивните службени телефони и уреди, од безбедносни причини им е забрането да ја користат апликацијата за видеа ТикТок која е во кинеска сопственост. Владата стравува дека кинеските власти можат да имаат пристап до чувствителни информации што се чуваат на уредите, јави Би-Би-Си. Британскиот државен секретар за дигитализација, култура, медиуми и спорт, Оливер Дауден рече...

ТикТок повторно се соочува со забрана во САД ако кинескиот удел не биде продаден

Американската влада вели дека платформата за видеа ТикТок треба да се продаде или во спротивно да се соочи со можна забрана во целата земја. Апликацијата која е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“ е обвинета дека претставува ризик за националната безбедност преку податоците собрани од милиони корисници. За барањето за промена на сопственоста прв објави „Волстрит Журнал“, додека од ТикТок...

ТикТок го лансира проектот „Детелина“ за да ги ублажи стравувањата дека споделува податоци со Кина

ТикТок воведува нови безбедносни мерки за да ја намали загриженоста околу споделувањето на податоците на корисниците со властите во Кина. Проектот „Детелина“ (Project Clover) предвидува посебна безбедносна компанија да го надгледува „протокот на податоци“, а ТикТок ќе го отежни идентификувањето на индивидуалните корисници преку податоците, јавува Би-би-си. Преку таканаречени „безбедносни порти“ ќе биде додаден дополнителен слој на контрола врз пристапот на...

ТикТок воведува временско ограничување од еден час дневно за малолетниците

Апликацијата за видеа ТикТок поставува дневно ограничување од 60 минути на времето поминато на екранот за корисниците помлади од 18 години. Доколку малолетниците ја достигнат границата, ќе мора одново да внесат лозинка за да продолжат да ја користат услугата истиот ден. Според Би-би-си, функцијата ќе биде воведена во текот на наредните недели, а младите, сепак, ќе имаат можност да ја...

И Канада го забрани ТикТок на уредите во сопственост на владата

Почнувајќи од денес, Канада ја забранува апликацијата за видеа ТикТок на сите уреди издадени од страна на владата, јави Би-би-си. Со оваа одлука Канада им се придружи на Соединетите Американски Држави и Европската комисија во преземањето чекори поради загриженоста околу располагањето со податоците на корисниците на апликацијата што е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“. Владиниот портпарол соопшти дека одлуката...

Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Твитер со нови правила на ЕУ за објава на „токсични“ содржини

Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Твитер потврдија дека ќе подлежат на строгите правила што ги предвидува законот на Европската Унија (ЕУ) за модерирање на содржините. Според Законот за дигитални услуги (Digital Services Act), платформите имаат рок до  петок на полноќ да ги известат европските регулатори колку Европејци ги користат нивните услуги, пренесува „Политико“. Платформите и пребарувачите со над 45 милиони корисници...

Илон Маск создал посебен систем за неговите твитови да им бидат прикажувани први на корисниците

Откако неговиот твит по Супербоул постигна полоши бројки од твитот на американскиот претседател Џо Бајден, извршниот директор на Твитер Илон Маск нарачал големи промени во алгоритмот на платформата, пишува „Врџ“ повикувајќи се на документи од „Платформер“. Братучедот на Маск и вработен во Твитер, Џејмс Маск, во понеделникот наутро испратил итна порака до инженерите во компанијата дека е потребно да се...

Продолжуваат отпуштањата во технолошките компании, „Јаху“ намалува 20 отсто од работната сила

„Јаху“ планира да отпушти повеќе од 20 отсто од своите 8.600 вработени лица, како дел од големото реструктурирање во компанијата. Кратењето на работни места ќе засегне речиси илјада вработени, пренесува Би-би-си. „Јаху“ го реорганизира рекламниот оддел, кој ќе изгуби повеќе од половина од вработените до крајот на годината. Оваа компанија е најновата помеѓу технолошките гиганти кои објавија кратење на работните места...

„Мајкрософт“ ја претстави новата верзија на Бинг засилена со ChatGPT

„Мајкрософт“ ја објави новата верзија на својот пребарувач Бинг, кој сега го вклучува и најновото од вештачката интелигенција. Пребарувачот е засилен со технологијата на јазичниот модел ChatGPT, пренесе Би-би-си. Овој потег е убедливо најголемата закана што „Гугл“ ја видел за време на својата доминација во интернет-пребарувањето и го означува почетокот на трката за вооружување со вештачка интелигенција меѓу технолошките компании. „Трката...

„Гугл“ го лансираше Бард, ривалот на ChatGPT

„Гугл“ лансира чет-бот со вештачка интелигенција наречен Бард со цел да му парира на ChatGPT, јавува Би-би-си. Бард за почеток ќе го користат група тестери пред да биде претставен во јавноста во текот на наредните недели, соопшти компанијата. Чет-ботот е изграден на постоечкиот јазичен модел на „Гугл“ наречен Ламда, кој еден инженер кој работел на него минатата година го опиша како...

Златниот беџ на Твитер може да ги чини бизнисите 1.000 долари месечно

Твитер размислува да заработи од бизнисите што се присутни на платформата со тоа што ќе им наплаќа 1.000 долари месечно за да ги задржи нивните златни беџови, јавува „Врџ“ повикувајќи се на извештај на „Информејшн“. „Информејшн“ забележува дека бизнисите што нема да плаќаат илјада долари месечно ќе ги загубат своите златни ознаки, иако не е јасно кога тоа ќе се...

На Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на Фејсбук и Инстаграм

Компанијата „Мета“ вчера објави дека ќе му дозволи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати на Фејсбук и Инстаграм, две години по неговата првична суспензија, пренесуваат медиумите во САД. Во својот блог „Мета“ рече дека ќе ги врати корисничките сметки на Трамп во текот на следните неколку недели. Доколку поранешниот претседател уште еднаш ги прекрши политиките за содржина...

И „Спотифај“ укинува стотици работни места

Шведскиот музички стриминг гигант „Спотифај“ најави дека ќе намали 6 отсто од своите речиси 10.000 вработени лица, нагласувајќи ја потребата да се подобри ефикасноста, пренесе Би-би-си. „Спотифај“ минатата година броела 9.800 вработени со полно работно време, а компанијата во октомври соопшти дека ќе го забави вработувањето во текот на 2023 година. И покрај популарноста на музичкиот онлајн пазар, „Спотифај“ никогаш...

Твитер ги стави на аукција статуетката со птицата од логото и дел од канцеларискиот мебел

Твитер стави стотици предмети од своето седиште во Сан Франциско, САД на онлајн аукција. За статуетката со познатото лого со птицата во моментов се понудени 11.000 американски долари, а остануваат уште неколку часа за наддавање, јави Би-би-си. Жардиниерата висока 190 сантиметри во форма на симболот „@“ веќе чини над 4.300 долари. Продажбата на предметите доаѓа откако по големите кратења на трошоците...

Метаверзум, заштита на лични податоци, хаос на Твитер – како се променија социјалните мрежи во 2022?

Од вложувањата на Мета милијарди долари во остварување на Метаверзумот, преку големите промени на Твитер и обидите за забрана на ТикТок во САД, до отпуштањата на десетици илјади работници поради економските пост-пандемиски проблеми на технолошките гиганти – 2022 година ја одбележаа неколку големи настани во однос на развојот и иднината на социјалните мержи. Најголемо внимание, сепак, привлече промената на...

Нова казна за „Мета“, овој пат поради користење на податоците на луѓето за насочување на реклами

Компанијата „Мета“ доби казна од 290 милиони евра поради кршење на правилата за податоци на Европската Унија (ЕУ). Ирската комисија за заштита на податоците вели дека начинот на кој „Мета“ барала дозвола да ги користи податоците на луѓето за реклами на Фејсбук и Инстаграм бил незаконски, пренесе Би-би-си. Компанијата која ги поседува двете платформи има три месеци да го промени...

„Амазон“ ќе отпушти 18.000 работници во обид да заштеди на трошоците

„Амазон“ планира да укине повеќе од 18.000 работни места, што ќе претставува најголемо отпуштање во историјата на компанијата, борејќи се да заштеди на трошоците. Отпуштањата веќе се во тек, а според меморандумот на извршниот директор Енди Џеси, повеќето од работните места што ќе бидат скратени се во продавниците на „Амазон“ и во одделите за човечки ресурси, искуство и технологија, јавува...

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...