„Шорткат“: Добрите и лошите страни на Телеграм

Што ќе гледате во новата епизода на „Шорткат“?

Ги користиме социјалните мрежи и платформи, но колку знаеме кој стои зад нив и колку се тие бизнис-ориентирани? Во оваа епизода ви го претставуваме истражувачкиот новинар Дарен Лукаидс, кој со години ја истражува платформата Телеграм и нејзините добри и лоши страни поврзани со дезинформациите.

Покрај ова, во новата епизода на „Шорткат“ информираме за проблемите со кои се соочуваат младите хемичари и нивните ментори кои ја претставуваат земјава на меѓународни олимпијади по хемија.

Ќе видиме како помина женската трка во Скопје, а информираме и за новините на Инстаграм и Фејсбук во однос на обележувањето содржини генерирани од вештачка интелигенција.

„Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот.