вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: музика | 105 резултати

Организаторите на концертот на Ганс ен роузес ќе им ги вратат парите на посетителите заробени во токени

21 јули 2025

Додека музичкиот дел од концертот на американските рок легенди Ган ен роузес во Белград на 19 јули протече на големо задоволство на публиката, логистичките проблеми на многумина им го поматија добриот впечаток. Концертот првобитно беше најавен како „безготовински“ (cashless), односно како место каде што организаторот има монопол врз сите финансиски трансакции. За посетителите да може […]

Ново музичко патување со Индог и емисијата „Feel Good Beats“

9 мај 2025

Вечерва од 20:00 часот на Канал 77 започнува новата музичка емисија и новото музичко патување „Feel Good Beats“ со „Indog“ (Горан Костовски – Индог). Во оваа вечерна емисија ќе се слуша само хитови и ќе се информира за актуелностите во музиката, спортот и секојдневието. Целта е опуштање по работниот ден и уживање во вечерните часови […]

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

30 април 2025

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се употребуваат во филмови или театарски претстави, и било каков мултимедијален или иден креативен проект. Дури дозволува и правење ремикси и преуредување на песните. Моби […]

Интервју со музичкиот новинар и писател Ненад Георгиевски: Музиката е потсетник за тоа дека промените почнуваат со идеи

26 јануари 2025

Ненад Георгиевски е, пред сè, музички новинар којшто скоро имаше промоции за двете негови книги излезени во печат „Ретки Птици” и „Press and Play: Reloaded”. Овие книги се базирани на интервјуа со локални и светски звучни имиња од доменот на музиката, како и збирка со есеи на тема музика, но во ова интервју се фокусираме […]

Филхармонија одбележува 80 години од основањето

23 ноември 2024

Националната установа Филхармонија одбележува 80 години од нејзиното основање. По тој повод на прием кај претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска биле актуелниот и поранешни директори на институцијата – Александар Котевски, Мелпомени Корнети, Маја Чаначевиќ, Ангелина Димоска, концерт-мајсторот Анна Кондратенко и концерт-мајсторот во пензија Румен Димитриев. На средбата, претставниците на Филхармонија ја запознале претседателката со роденденската […]

Радиото „Џез ФМ“ почна нова програма и онлајн-стриминг

14 октомври 2024

Радиото „Џез ФМ“, најстарото и единствено македонско радио посветено на промоција на џез-музиката, започнува нова проширена програма, со нови емисии во утринските и пладневните часови, со нови водители. „Се стремиме кон претставување нови перспективи и следење на развојот на џезот, обезбедувајќи динамична и релевантна програма со која се поттикнува љубопитноста на слушателите. Програмата е збогатена […]

Оркестар го придружи немиот филм „Уцена“ на Хичкок во Кино Милениум

17 септември 2024

Вчеравечер во салата на Кино Милениум се одржа проекција на стар филм. Филмот беше толку стар, што доаѓа од времето пред да има звук во филмовите, кога движечките слики ги придружувала само музика. Но, наместо оваа музика да биде пуштена на звучниците, таа беше изведена во живо од оркестар, како што и порано се гледале […]

По 16 години пауза, „Оејсис“ се враќаат со низа концерти

27 август 2024

По 16 години пауза, светско познатиот британски рок бенд „Оејсис“ најавија летна турнеја во Велика Британија и Ирска следното лето, пренесува Гардијан. Во соопштение, менаџментот на бендот рече дека фановите може да очекуваат повеќе концерти и надвор од Европа. „Пушките стивнеа. Коцките се наредија. Долгото чекање заврши. Дојдете да видите. Нема да се пренесува на […]

Наш избор на најдобрата музика од видео игри

25 август 2024

Ви ја преставуваме најдобрата музиката правена или употребена во видео игри, а изборот на музика е направен според соодветните игри кои исто така ги препорачуваме, доколку не сте ги играле досега. Листата не е направена според принципот „ТОП 10” стил, туку е рандомизирана за сите вкусови. Најчесто во гејмингот се користи електронска амбиентална музика, рок, […]

Фестивалот во природа „Вртешка интердисциплинарни активности“ ќе се одржи на Плачковица на крајот на месецот

15 август 2024

Третото издание на фестивалот „Вртешка Интердисциплинарни Активности“ (ВИА) – Open Source ќе се одржи од 27 до 31 август на планината Плачковица. Активностите на фестивалот ќе се одвиваат околу планинарскиот дом „Вртешка“, кој се наоѓа 1090 метри надморска височина. „ВИА е уметничка резиденција и фестивал која оваа година обединува повеќе од 40 млади уметници, креативци […]

Концерт на Националниот џез оркестар со Васил Хаџиманов во Охрид

18 јули 2024

На 11 август, со почеток од 22 часот, на сцената на Долни Сарај во Охрид, концерт ќе одржи Националниот џез оркестар. Концертот ќе биде под диригентската палка на Маестро Џијан Емин. На овој спектакуларен концерт гостин ќе биде истакнатиот српски пијанист со македонско потекло, композитор, познат по својот иновативен пристап кон џез фјужн и светската […]

Александар Котевски е нов в.д. директор на Филхармонија

11 јули 2024

Нов в.д директор на Филхармонија е Александар Котевски, соопштија оттаму. Решението го донеле одговорните во Министерството за култура. Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева, која изминативе неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата. Котевски е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година. Во периодот од 2011 до 2014 […]

Пријави ја твојата песна – конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ отворен до 31 мај

21 мај 2024

До 31 мај, младите музичари имаат прилика да учествуваат на конкурсот за доделување на наградата „Милан Младеновиќ“ кој во чест на фронтментот на легендарната рок група Екатерина Велика (ЕКВ) го организира неговата задужбина под слоганот „Пријави ја твојата песна“. Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, […]

Чеченија забрани „пребавна“ и „пребрза“ музика

8 април 2024

Отсега во Чеченија, музиката која ќе се изведува јавно ќе мора да е меѓу 80 и 116 удари во минута, најави министерот за Култура Муса Дадаев, а пренесува Скај њуз. Со новата одлука, се забранува музика и кореографски написи кои се пребавни или пребрзи, со што ќе се забрани голем дел од западната поп музика, […]

ЕУ ја казни „Епл“ со 1,8 милијарда евра поради прекршување на правилата за стриминг на музика

4 март 2024

Европската Унија ја казни технолошката компанија „Епл“ со 1,8 милијарда евра поради кршење на законите за конкуренција, јавија светските новински агенции. Казната, како што пренесува Би-би-си, е поради спречување на „Спотифај“ и другите музички стриминг платформи да ги информираат корисниците за опциите за плаќање надвор од продавницата за апликации на „Епл“. Одлуката ја донесе Европската […]

Млади музичари од Македонија и Европа свиреа џез во Филхармонија, како дел од едукативна програмa

17 февруари 2024

Во камерната сала во Филхармонијата во Скопје изминатата сабота ечеше еден многу свеж звук – џез музика отсвирена од талентирани млади музичари. Концертот, наречен „Свинг!“, беше обоен со музиката од Френк Синатра, како и со реинтерпретации на пар класични дела од Чајковски и Бетовен. На диригентското место стоеше реномираниот Тимоти Редмонд, додека театарскиот пејач од […]

Орден за заслуги за Оливера Николова, Ристо Вртев, Слободан Унковски и други

30 јануари 2024

Претседателот Стево Пендаровски ги одликуваше актерите Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Рефет Абази, писателката Оливера Николова, музичарот Ристо Вртев и режисерот Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. На културните работници им беше оддадена оваа почит во свечена церемонија во Филхармонијата вчеравечер. Од музичкиот свет беше почестен Ристо Вртев, култен македонски […]

Детска Евровизија: Франција победник, Македонија на 12-то место

27 ноември 2023

Домаќинот Франција победи на годинешното издание на детската верзија на „Изборот за песна на Евровизија“ што се одржа по 21 пат. На овогодишното издание што се емитуваше во живо од Ница, Франција, учество зедоа вкупно 16 земји, а за победничка беше прогласена Зое Клаузур со песната „Cœur“ (Срце), која заврши на врвот со вкупно 228 […]

Пондер и независната културна сцена во Битола: Ако не го направиш ти сам, никој нема

2 ноември 2023

Има некоја посебна енергија на културната сцена во Битола последниве неколку месеци. Се чини дека секоја недела има некој концерт од интересен домашен или странски бенд, во комбинација со некоја изложба или пак промоција на самоиздадено дело. Одговорните за голем дел од овие настани се „Пондер“. Станува збор за здружение на битолски ентузијасти-активисти. Нивната цел […]

Битлси ќе ја издадат својата „последна“ песна благодарание на вештачка интелигенција

27 октомври 2023

Битлси најавија дека следната недела ќе ја издадат нивната „последна“ песна, „Now and Then“. Песната е базирана на демо снимка која Џон Ленон ја снимил во седумдесеттите години, кусо пред неговата смрт. Останатите членови на Битлси се обиделе и друг пат да доснимуваат, односно се обидувале потребните инструменти да ги спојат со вокалот на Ленон, […]

Страна 1 од 6