fbpx

Општина Кисела Вода ја презеде руинираната спортска сала „Расадник“ [галерија]

Објектот, кој сега е заклучен, е преземен на трајно користење без долгови. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека општината нема да има никаква обврска за подмирување на долговите кои ги остави „Империал Данела“

-

Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт денес ја предаде спортската сала „Расадник“ во владение на Општина Кисела Вода, откако го раскина договорот со фирмата „Империал Данела“.

Објектот, кој сега е заклучен, е преземен на трајно користење без долгови. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека општината нема да има никаква обврска за подмирување на долговите кои ги остави „Империал Данела“.

„Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт кое ја издаде под закуп во 2002, по судски пат ќе бара да се подмири долгот со оглед на тоа дека од фирмата никој не се јавува на нивните повици“, појасни Ѓорѓиевски.

Тој најави дека за објектот кој во моментов е демолирана руина, небезбеден и целосно уништен простор сега ќе се направи проект, по што ќе се распише тендер за избор на фирма која ќе ја реконструира салата.

„Очекувам до крајот на годинава градежните работи да почнат“, рече Ѓорѓиевски.

Од Општина Кисела Вода, за Мета.мк рекоа дека во моментов не можат да прецизираат дали и отворениот базен кој е во склоп на спортскиот објект ќе биде реконструиран. Но, најавија дека наскоро јавноста ќе биде известена со повеќе детали за проектот.

Инаку, за салата која сега е со искршени прозорци, демолирани реквизити, уништени подови и столчиња, од 2002 година кога ја доби под концесија, за 1000 евра месечно на 25 години, фирмата „Империал Данела“ за кирија должи 180.000 евра, а за струја 50.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...