fbpx

Над Скопје ќе прелетаат два американски воени авиона Ф-35 [фото]

-

Два борбени авиона од типот Ф-35 на Националната гарда на Вермонт, денеска извршија прелет и слетаа на аеродромот во Петровец, а попладнево ќе прелетаат и над Скопје, соопшти Министерството за одбрана, кое вели дека станува збор за „приказ на силното сојузништво и единство во Алијансата, како и на речиси тридецениското партнерство меѓу Армијата на Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт и подготвеноста на Алијансата да ја заштити безбедноста на своите земји членки“.

Американските воени авиони Ф-35 се меѓу најнапредните воени летала на денешницата. Станува збор за едноседи, едномоторни повеќенаменски борбени авиони. Имаат способности за електронско војување и разузнавање, надзор и извидување. Повеќенаменскиот борбен авион од петтата генерација е фокусиран на воспоставување на воздушна супериорност и реализација на мисии воздух-земја.

На церемонијата на скопскиот аеродром присуствуваа министерката за одбрана Славјанка Петровска, заменик амбасадорот на САД, Ерик Маер и потполковникот Џон Мекреј од Националната гарда на Вермонт.

Министерката Петровска во изјава за медиумите порача дека слетувањето на авионите Ф-35 на македонска територија е непобитен доказ дека Северна Македонија е дел од нешто што е поголемо од сите нас и дека зад нашата безбедност и безбедноста на Алијансата стојат сите сојузници со своите капацитети и способности.

Полковникот Џон Мекреј, укажувајќи на тридецениската врска помеѓу Вермонт и Северна Македонија, истакна дека и Северна Македонија дава свој придонес кон одржувањето на подготвеноста на силите.

„Северна Македонија обезбедува обука и ресурси за воздухопловните сили на НАТО преку воениот аеродром во Петровец и полигонот за обука Криволак кои ни се потребни за да ја одржиме нашата подготвеност. Воздухопловните сили на НАТО, пак, имаат шанса да тренираат заедно со вашиот Воздухопловен Винг и Армијата за да ја гарантираат сегашната и идната безбедност на Северна Македонија, на балканскиот регион и на Европа“, подвлече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...