fbpx

Европската комисија препорача Украина и Молдавија да станат кандидати за членство во ЕУ

-

Европската комисија (ЕК) денеска предложи Европската унија да им даде кандидатски статус на Украина и Молдавија, но не и на Грузија. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција во Брисел му предложи на Европскиот совет да им се даде европска перспектива на Украина и Молдавија, под услов земјите да исполнат низа на важни реформи за да станат земји-членки на ЕУ.

Украина официјално го поднесе своето барање за да добие кандидатски статус на ЕУ само неколку дена откако Русија ја започна воената агресија врз нејзината територија на 24 февруари годинава, јавува Би-би-си.

Финалната одлука за кандидатскиот статус на Украина и Молдавија ќе се донесе од лидерите на земјите-членки на ЕУ наредната недела, но од ЕК веќе посочија дека двете земји го започнуваат долгиот пат за приклучување кон блокот, пишува Јуроњуз.

Фон дер Лајен денеска соопшти дека Грузија, која исто така аплицираше за да постане земја-кандидат за членство на ЕУ, не е подготвена и дека ќе треба допрва да спроведе антикорупциски реформи и реформи во правосудството.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по ваквиот потег на ЕК денеска изјави дека станува збор за историска одлука, која што очекува дека ќе биде потврдена од лидерите на земјите-членки на ЕУ на самитот што ќе се одржи наредната недела на 23 и 24 јуни.

По објавата на ЕК за Украина и Молдавија, пристигнаа и првите позитивни реакции од лидерите на некои од земјите-членки на ЕУ. Естонската претседателка Каја Калас силно ја поздрави одлуката на Комисијата и додаде дека Европа е збир на вредности за кои Украина во моментов се бори за нив.

Манфред Вебер, лидерот на Европските народни партии изјави дека десничарските партии целосно ја поддржуваат одлуката на ЕК за доделување на Украина и Молдавија статус на земји-кандидати за членство во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...