среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Молдавија | 34 резултати

Неизвесни резултати од референдумот во Молдавија, претседателката обвини за измама на гласачите

21 октомври 2024

Прозападната претседателка на Молдавија, Маја Санду, вчеравечер обвини за „напад без преседан врз слободата и демократијата на земјата“ од страна на „странски сили“, по клучниот референдум за членство во ЕУ, чии резултати сè уште се неизвесни. Молдавците вчера гласаа на претседателски избори и на референдум за Европската унија. Со преброени 97,66 отсто од гласовите, 50 […]

Молдавија гласа на претседателски избори и референдум за ЕУ

20 октомври 2024

Молдавците денеска гласаат на претседателски избори и референдум за ЕУ во клучен момент што може да ја зајакне желбата на земјата да се приклучи кон блокот. Анкетите покажуваат дека прозападната актуелна претседателка Маја Санду има удобно водство пред нејзините десет ривали на гласачкото ливче, иако трката ќе оди во втор круг на 3 ноември, доколку […]

Снимка од апсење во Украина лажно прикажана како мобилизација

28 јуни 2024

Клип на Фејсбук е проследен со невистинит опис дека прикажува мобилизација по улиците на Украина, а се работи за фаќање на криминална група и нејзини клиенти, кои ѝ платиле за превоз до молдавската граница и за помош при нејзиното илегално преминување, со цел да ја избегнат мобилизацијата. Така настанот го опишуваат не само украинските медиуми, […]

Тенденциозна конструкција за преговорите на Украина и Молдавија со ЕУ

16 јуни 2024

Во објава на Фејсбук, која негативно реагира на тоа што Украина и Молдавија добиле препорака за почеток на преговорите за нивната евроинтеграција, се измешани: лично мислење, кое авторот има полно право да го изрази; некои непобитни факти, што, се подразбира, е исто така легитимно; но и тенденциозни премолчувања, заради кои јавноста не ја добива целосната слика […]

Приднестровје побара „заштита“ од Русија, оживувајќи ги стравовите за отцепениот регион на Молдавија

29 февруари 2024

САД соопштија дека внимателно ја следат ситуацијата во отцепениот молдавски регион, самопрогласената република Приднестровје (Транснистрија), откако проруските претставници на територијата апелираа до Москва за „заштита“, јави Гардијан. Во ноември 1990 година во Молдавија, земја од поранешниот СССР, изби војна помеѓу молдавската власт и сепаратистичките сили на Транснистрија, кои беа поддржани од официјална Москва. Примирје беше […]

Орбан попушти, ЕУ ќе ги започне пристапните преговори со Украина и Молдавија

14 декември 2023

Европскиот совет вечерва одлучи да ги отвори пристапните преговори на ЕУ со Украина и Молдавија, пренесува весникот Гардијан. Наместо да стави вето, унгарскиот премиер Виктор Орбан се одлучи да го напушти моментот на донесување на одлуката во Брисел и на тој начин овозможи да отпочне преговарачкиот процес со двете земји, и покрај претходните закани дека […]

ЕК препорачува почеток на преговорите со Молдавија и Украина, членките треба да одлучат

8 ноември 2023

Европската комисија предлага отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, но останува во декември Европскиот совет, односно самите земји-членки на ЕУ да одлучат дали овие две земји ќе отпочнат со преговорите. За ова денеска информираше претседателката на Европската kомисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел. Фон дер Лајен дополни дека ЕК […]

Молдавија: Партијата на претседателката Санду победи на изборите, но го изгуби Кишињев

6 ноември 2023

Проевропската „Партија за акција и солидарност“ на молдавската претседателка Маја Санду победи на вчерашните локални избори, кои се сметаа за тест на довербата од граѓаните кон актуелното молдавско раководство. Сепак, партијата на Санду ги изгуби изборите за градоначалник во првиот круг во главниот град Кишињев, додека за дел од поголемите градови ќе се гласа за […]

(РЕПОРТАЖА): И воздухот во Молдавија како да трепери од неизвесноста на руската агресија врз Украина

9 октомври 2023

Стара, трошна зграда ги пречекува патниците кои слетале на аеродромот во Кишињев. По големината и уреденоста, неодоливо потсетува на старата зграда на скопскиот аеродром. Веднаш по влезот во малиот објект, следи невообичаена пасошка контрола. На контролниот пункт двајца гранични полицајци, над кои стражари трето лице во цивилна облека. До пултот каде што тие ги прегледуваат […]

Не е вистина дека македонски војници ќе се борат со руски вооружени сили во Приднестровје

29 мај 2023

Постот шири дезинформации дека македонски војници ќе бидат испратени да се борат со руските вооружени слики во Приднестровје. За тврдењето дека нашите војници наместо во Романија ќе заминат за Молдавија, која не е членка на НАТО, не е понуден никаков доказ. Од Министерството за одбрана за Вистиномер одговорија дека станува збор за редовна ротација на припадници […]

Во Молдавија нов антивладин протест, Украина можеби ќе се повлече од Бахмут

1 март 2023

Нов антивладин протест во Молдавија вчера се одржа во главниот град Кишињев, кој беше организиран од проруската партија „Шор“ и самопрогласената група „Движење за народот“, јавува Асошиејтед прес (АП). Илјадници демонстранти излегоа на улиците, барајќи од новата прозападна влада целосно да ги субвенционира зимските сметки за струја и „да не ја вовлекува земјата во војна“. […]

Русија ја обвинува Украина дека ќе го нападне отцепениот регион Транснистрија

23 февруари 2023

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина дека планира да го нападне отцепениот молдавски регион Транснистрија (Придњестровје), кој се граничи со Украина, пренесува Гардијан. Руските државни медиуми објавуваат дека Украина наводно планирала да организира лажен напад од руските сили што се лоцирани во Транснистрија како изговор за инвазијата. Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил […]

Путин го отповика указот за поддршка на суверенитетот на Молдавија во спорот со Транснистрија

22 февруари 2023

Рускиот претседател Владимир Путин го отповика указот од 2012 година, со кој Русија делумно го поддржа суверенитетот на Молдавија во решавањето на иднината на отцепениот проруски регион Транснистрија (Придњестровје), пишува Јуроактив. Рускиот указ беше донесен во период кога официјална Москва презеде чекори за да ги затопли односите со САД и ЕУ. Одлуката на Путин за […]

Бајден: Малку е веројатно проектилот што падна во Полска да е истрелан од Русија

16 ноември 2022

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека мала е веројатноста проектилот што експлодираше на територијата на Полска да е истрелан од Русија, јавува Асошиејтед прес. Русија вчера со ракети повторно ја нападна Украина, но еден проектил заврши во полското село Пржеводов и уби две лица. Полска е земја-членка на НАТО. „Малку е веројатно во линиите […]

Украина и Молдавија добија кандидатски статус за членство во ЕУ

24 јуни 2022

Лидерите на земјите-членки на ЕУ на Украина и Молдавија им доделија статус на кандидати за членство во унијата. Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел ја објави ваквата одлука, опишувајќи ја донесената одлука како „историски момент“. Исто така, тој спомена дека почетокот на преговорите за членство во ЕУ со овие две земји нема да започне до […]

Европската комисија препорача Украина и Молдавија да станат кандидати за членство во ЕУ

17 јуни 2022

Европската комисија (ЕК) денеска предложи Европската унија да им даде кандидатски статус на Украина и Молдавија, но не и на Грузија. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен денеска на прес-конференција во Брисел му предложи на Европскиот совет да им се даде европска перспектива на Украина и Молдавија, под услов земјите да исполнат низа на […]

Русија планира референдум во окупираниот Херсон, Молдавија стравува од конфликт на нејзина територија

27 април 2022

Руските окупаторски сили во Херсон денеска ги растераа демонстрантите кои одржаа мирен протест против одржувањето на т.н. референдум, со којшто би се формирала нова самопрогласена „Народна република Херсон“, јавува Укринформ. Руските сили привеле дел од демонстрантите, а медиумските извештаи јавуваат и за повредени цивили на протестот. Комесарот за човекови права во украинскиот парламент, Људмила Денисова […]

Украина стравува од руски провокации во Молдавија, бројот на загинати цивили се искачи на 1.793

11 април 2022

Руските вооружени сили може да се обидат да направат провокации од отцепениот регион Приднестровје во Молдавија и за тоа да ја обвинат Украина, предупредија денеска од украинскиот генералштаб, пренесува Би-би-си. Приднестровје е самопрогласена пара-држава која се отцепи од Молдавија и во која се стационирани руски војници изминативе три децении, а којашто се наоѓа долж границата […]

Новите барања за членство во ЕУ: Нов тест за интеграцискиот капацитет на ЕУ

9 март 2022

Неколку дена по руската инвазија, Украина поднесе барање за членство во ЕУ. Украинскиот претседател побара „итен прием“, што беше поддржано со истовремено писмо од осум држави членки на ЕУ (сите од Централна и Источна Европа освен Романија и Унгарија). Тие побараа од другите држави членки да овозможат брза постапка во институциите на ЕУ „да спроведат […]

Вонредна состојба во Молдавија и Литванија, Централна Европа се подготвува за бегалци од Украина

24 февруари 2022

Молдавија и Литванија прогласија вонредна состојба на територијата на нивните земји по руската воена инвазија на Украина што започна утрово. Литванскиот јавен радиодифузен сервис објави дека вонредната состојба започнува денеска во 13 часот и ќе трае до 12 март. Литванските власти наведуваат дека ова е неопходно за пофлексибилно да се користат државните резерви и да […]

Страна 1 од 2