Во пожар во стан во Аеродром настрада 76 годишен човек

Пожарот го гаснеле 15 пожарникари со шест пожарникарски возила

Фото: ЦУК

Седумдесет и шест годишно лице настрадало утрово во пожар кој избувнал во стан во зграда на улицата „Пандил Шишков“ во населбата Стар Аеродром, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Утрово е добиена пријава за пожар во стан во зграда на ул. „Пандил Шишков“ во Скопје. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а во станот е пронајден починат Г.Б. (76). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведено е во информацијата од МВР.

Како што информира Центарот за управување со кризи, екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови.

„На терен имаше и екипи од Итна медицинска помош и од МВР. Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со 6 противпожарни возила“, велат од ЦУК.