fbpx

ОН донесе уште една резолуција за конфликтот во Газа, Македонија и балканските земји воздржани

Воздржано гласале повеќе земји од Балканскиот полуостров, вклучувајќи ги и Северна Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Романија. Против гласала Хрватска

-

Генералното собрание на Обединетите нации во петокот минатата седмица (27.10.2023 г.) усвои резолуција за кризата во Газа, повикувајќи на „итно, трајно и одржливо хуманитарно примирје што ќе доведе до прекин на непријателствата“.

Како што соопшти ОН на својата официјална веб-страница оваа резолуција „го прекинува ќор-сокакот во ОН во врска со одговорот на израелско-палестинската криза која избувна на 7 октомври, при што земјите-членки на Советот за безбедност не постигнаа договор за четири нацрт-резолуции“.

Принтскрин од резултатите од гласањето на 27 октомври 2023 г.

Конечниот резултат од гласањето беше 121 „за“ наспроти 14 „против“, со 44 воздржани. Според објавата на ОН, воздржано гласале повеќе земји од Балканскиот полуостров, вклучувајќи ги и Северна Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Грција, Романија. Од Балканските земји против гласала Хрватска.

Заштитете за цивилите и хуманитарните работници

Во резолуцијата за „заштита на цивилите и почитување на правните и хуманитарните обврски“, се бара сите страни „веднаш и целосно да ги почитуваат“ обврските од меѓународните закони за хуманитарни и човекови права, „особено во однос на заштитата на цивилите и цивилните објекти“.

Во неа, исто така, се бара заштита на хуманитарниот персонал, повредените и хуманитарните објекти и средства, како и да се овозможи и олесни хуманитарниот пристап до основните материјали и услуги за да стигнат до сите цивили на кои им се потребни во Појасот Газа“.

Понатаму, резолуцијата повикува на укинување на наредбата на Израел, означена како „окупаторска сила“, палестинските цивили, персоналот на ОН и хуманитарните работници да се евакуираат од сите области во Појасот Газа северно од Вади Газа и да се придвижат кон југ.

Ослободување на сите цивили

Генералното собрание, исто така, повика на „итно и безусловно ослободување“ на сите цивили кои се незаконски заробени, барајќи нивна безбедност, благосостојба и хуман третман во согласност со меѓународното право.

Во резолуцијата, исто така, се вели дека „праведно и трајно решение“ на израелско-палестинскиот конфликт може да се постигне само по мирен пат, врз основа на релевантните резолуции на ОН и во согласност со меѓународното право, и врз основа на заедничко решение меѓу две страну.

Пред да се се гласа за резолуцијата, Канада поднесе амандман кон не помина, бидејќи не го достигна потребното двотретинско мнозинство.

Тој амандман предвидуваше „недвосмислено отфрлање и осуда на терористичките напади на Хамас што се случија во Израел, почнувајќи од 7 октомври 2023 година и земањето заложници“.

ИзворООН

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...