fbpx

Хамас ослободи уште две заложнички од Газа, остануваат уште најмалку 200

Можам да потврдам дека мајка ми Јочи (Јохевед) Лифшиц е една од двете заложнички кои беа пуштени во Црвениот крст вечерва. Не можам да го изразам со зборови олеснувањето што сега таа е безбедна, изјавила нејзината ќерка Шерон Лифшиц, пренесува Си-ен-ен

-

Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас соопшти дека вчера доцна вечерта ослободило две заложнички, Израелки, поради здравствени причини, соопшти Ројтерс. 

„Одлучивме да ги ослободиме поради хуманитарни и нарушени здравствени причини“, изјавил на Телеграм Абу Убаида, портпарол на вооруженото крило.

Извори за светските медиуми изјавуваат дека станува збор за повозрасни Израелки, идентификувани од израелските медиуми како Нурит Купер и Јохевед Лифшиц.

„Можам да потврдам дека мајка ми Јочи (Јохевед) Лифшиц е една од двете заложнички кои беа пуштени во Црвениот крст вечерва. Не можам да го изразам со зборови олеснувањето што сега таа е безбедна“, изјавила нејзината ќерка Шерон Лифшиц, пренесува Си-ен-ен.

Таа изјавила дека останува фокусирана на ослободувањето на нејзиниот татко, за кој се верува дека сè уште е во заложништво.

Портпаролот на кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги пофалил напорите кои довеле до ослободување на двете заложнички.

„Безбедносните сили работеа напорно во последните неколку дена на сите канали за да ги ослободат и да ги надминат големиот број тешкотии што ги постави Хамас“, изјавил портпаролот на кабинетот на премиерот.

Израелските власти во саботата соопштија дека веруваат оти 210 лица се држат како заложници во Газа. Портпаролот на Хамас претходно рече дека милитантната група заробила меѓу 200 и 250 луѓе за време на терористичките напади на 7 октомври. Две израелско-американски двојни државјани, Џудит Таи Раанан и нејзината 17-годишна ќерка Натали Раанан, беа ослободени во петокот.

Во терористички напади на 7 октомври беа убиени 1.400 луѓе, од кои најголемиот број цивили.

Во меѓувреме, бројот на загинати во Газа се зголеми со оглед на тоа што Израел ги засили воздушните напади, срамнувајќи ги станбените згради во, како што пренесува Асошиејтед Прес, подготовка за евентуален копнен напад. Соединетите Американски Држави го советуваа Израел да ја одложи копнената инвазија за да се даде време да се преговара за ослободување на уште заложници земени од Хамас.

Вчера, стотици луѓе биле убиени во Газа по постојаните воздушни напади, како што соопшти Министерството за здравство во изолираната енклава, која е под контрола на Хамас. Од министерството изјавија дека 436 луѓе, од кои 182 деца, загинале во нападите во текот на завчерашната ноќ, пренесе Си-ен-ен.

Трет мал конвој со помош на Египет во меѓувреме влезе во Газа, каде на населението кое брои 2,3 милиони луѓе, им снема храна, вода и лекови, по двонеделната блокада на Израел. Со оглед на тоа што Израел сè уште го забранува влезот на гориво, од ОН соопштија дека нивната дистрибуција на помош полека ќе запира во рок од неколку дена, кога веќе нема да може да ги снабдува со гориво своите камиони.

Болниците во Газа кои се преплавени од постојан прилив на повредени, се борат да ги задржат генераторите во живот, за да ја одржат во работа медицинската опрема и инкубаторите за предвреме родените бебиња.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...