fbpx

Објавена фотографија од киднаперот на авионот

-

Киднаперот на авионот на компанијата „Египет Ер“ со околу 60 патници и членови на екипажот најверојатно не е терористички чин, туку зад него стојат лични мотиви, изјави претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес.

Тој на прес-конференција соопшти дека мотивот на киднапирањето е поврзано со поранешната сопруга на киднаперот.

– Киднапирањето има врска со неговата жена – рече Анастасиадес.

Дел од медиумите пренесуваат дека киднаперот на авионот е идентификуван како Ибрахим Самах, кој има 27 или 28 години, пренесува „Гардијан“.

Поранешната сопруга на Самах живее на Кипар, а сведоци велат дека од авионот фрлил писмо напишано на арапски кое барал да и биде доставено. Неговата поранешна жена ќе биде доведена на аеродромот како дел од преговорите со киднаперот.

Египетската државна телевизија објави фотографија од маж за кој се верува дека го киднапирал авионот.

Авионот на летот од Александрија за Каиро беше киднапиран и принудно слета во Ларнака на Кипар.

Компанијата „Египет ер“ соопшти дека по преговорите со киднаперот ослободени биле 51 патник, но дека киднаперот задржал четири странци и членови на екипажот.

Во авионот на летот МС181 се наоѓаа 55 патници и седум членови на екипажот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...