fbpx

Преговори меѓу Израел и Хамас – ослободување на заложници за прекин на огнот

Амбасадорот на Израел во САД рече дека постои надеж оти значителен број заложници би можеле да бидат ослободени во наредните денови во замена за краток прекин на огнот

-

Додека траат жестоките борби меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, двете страни веќе извесно време преговараат за размена на дел од заложниците што ги зароби Хамас во замена за краток прекин на огнот. Би-би-си пишува дека постојат знаци за напредок на неколкунеделните индиректни преговори за заложници, во кои како посредници се вклучени САД и Катар.

Амбасадорот на Израел во САД рече дека постои надеж оти значителен број заложници би можеле да бидат ослободени во наредните денови во замена за краток прекин на огнот.

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека напорите за враќање на заложниците сега се на дофат.

„Сега сум посигурен дека сме доволно блиску да постигнеме договор“, рече Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, додавајќи дека само „ситни“ практични детали останале нерешени.

И американскиот официјален претставник за национална безбедност Џон Финер рече дека преговарачите биле „поблиску до тоа што сме биле можеби во кој било момент од почетокот на овие преговори пред неколку недели“.

Меѓутоа, синоќа израелскиот премиер ги поништи извештаите за неминовен договор.

„Засега нема договор“, рече тој.

Во меѓувреме, израелската армија – под притисок да го оправда својот напад на болницата Ал-Шифа во Газа објави две нови видеа. Во едно од видеото се покажува тунел што води до врата отпорна на експлозија, каква што користи Хамас за своите командни центри.

На друго видео извадено од безбедносните камери се вели дека се прикажани двајца заложници на Хамас, од кои едниот е ранет, а кои биле пренесени во болницата на 7 октомври. Израелската војска тврди дека Хамас во болницата убил и израелски војник. Би-би-си не може самостојно да ја потврди веродостојноста на снимките.

И додека траат контроверзиите околу израелскиот напад врз болницата Ал-Шифа во Газа, израелски тенкови утрово влегоа во Индонезиската болница во северниот дел на Газа. Директорот на болницата Марван Ал-Султан за Би-би-си изјави дека израелската војска била на околу 20 метри од зградата.

Претходно тој изјави дека слушнал пукотници наоколу и дека бил погоден одделот за постоперативна нега.

Директорот на индонезиската болница во северна Газа изјави за Би-би-си дека најмалку 10 лица се убиени во израелскиот воздушен напад.

Министерството за здравство на Хамас во Газа подоцна соопшти дека загинале 12 лица. Во најновиот израелски напад се ранети десетици лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...