fbpx

Во Њујорк не е поставен билборд на кој пораката „поддршка за Украина“ се менува со „поддршка за Израел“

Не е првпат оваа проминентна локација во Њујорк да биде злоупотребена во ширење на невистини на социјалните мрежи. Така, Вистиномер веќе има објавено за сличен случај, кога на социјалните мрежи се појави дезинформација оти во Њујорк имало билборд со натпис „Нема Зеленски, нема војна

-

Видеоматеријал, кој е графички обработен лажно прикажува дека во Њујорк се појавил дигитален билборд на кој пораката „Ја поддржуваме Украина“ е потисната со порака „Го поддржуваме Израел“. Станува збор за графички обработен видеоматеријал. На оваа проминентна локација во Њујорк никогаш не постоел билбордот од видеото. Корисници на Твитер, кои отидоа да проверат што има на посочената локација, фотографираа дека на билбордот се врти реклама за цртаниот филм „Тролови“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал, наводно од дигитален билборд во Њујорк на кој пораката „стоиме заедно со Украина“ се менува во „стоиме заедно со Израел“. Видеото на коешто се гледа произраелската порака во Њујорк Сити, е фабрикувано, а тоа за проверувачите на факти на „Ројтерс“, го потврдува компанијата која ја менаџира конкретната зграда.

На видеото се гледа дел од улица во центарот на Менхетн и два големи панела на кои е испишано „Стоиме со Украина“. Таа порака се менува и е поттурната од пораката „Стоиме со Израел“, а во исто време боите на украинското знаме се претвораат во израелско знаме.

Ројтерс ја потврди локацијата на рекламните панели и се работи за 200 W 50th. St. Њујорк. Компанијата за рекламирање Клијар Шанел Аутдорс, којашто менаџира со овој простор, за Ројтерс истакна дека рекламата што се гледа на видеото е невистинита. Рекламата никогаш се нема појавено на горепосочената локација, пишуваат проверувачите на факти на „Ројтерс“ повикувајќи се на демант што го добиле од компанијата која раководи со овие рекламни панели на посочената адреса.

И француските проверувачи на факти дојдоа до истите заклучоци, дека се работи за видеомонтажа и билбордот не е веродостоен и не постои во реалноста, ниту пак, некогаш бил поставен на дадената локација.

Корисници на социјалната мрежа „Икс“ отидоа на лице место да проверат дали таков билборд постои и снимајќи го во реално време, утврдија дека на него се промовираат сосема други содржини.

Француските проверувачи на факти, велат дека првиот извор на оваа дезинформација е руски Телеграм канал.

Таму невистинитото видео е објавено на 9 ноември 2023 година, со порака на руски јазик:

Американска телевизија ги повика луѓето да бидат во тренд и да го поддржат Израел наместо Украина.

ABC News, преку реклама во Њујорк ги повика  со нив да ги „следат трендовите“.

 Од оваа реклама е очигледно дека поддршката за Украина веќе не е во мода. Сега е во тренд поддршката за Израел.

Интересно е што под овој билборд има реклама за цртаниот филм Тролови. Дали е ова суптилно тролање или коинциденција?

Не е првпат оваа проминентна локација во Њујорк да биде злоупотребена во ширење на невистини на социјалните мрежи. Така, Вистиномер веќе има објавено за сличен случај, кога на социјалните мрежи се појави дезинформација оти во Њујорк имало билборд со натпис „Нема Зеленски, нема војна“. Дезинформацијата беше проширена со слични методи, односно со графички изманипулиран видеоматеријал, претставен како да е вистински. За дезинформаторите, графичкото менување на билбордите со компјутерски програми, се покажува како нова техника за манипулација со јавното мислење.

Поради сите горенаведени факти, објавата која ја рецензираме ја оценуваме како објава во која содржината е видеоизменета (altered content). Во Њујорк не бил поставен дигитален билборд на кој поддршката за Украина се менува со порака за поддршка на Израел.

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...