четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: фотомонтажа | 23 резултати

Лажно е видеото со гафот „Слава на урина“ додека Зеленски бил во ОOН

26 септември 2023

Виралното видео со наводната грешка на билборд на среде Тајмс сквер во Њујорк, каде што пишувало „Слава на урината“ наместо „Слава на Украина“ е целосна лага и дезинформација, пуштена да му наштети на угледот и на Украина и на претседателот Володимир Зеленски и на земјата домаќин. За жал повеќе медиуми на македонски јазик без проверка […]

Фотографијата од Бајден со завои на главата не е вистинска

10 јуни 2023

Фотографијата која што го прикажува американскиот претседател Џо Бајден преврзан со завои на неговата глава не е вистинска и реална. Станува збор за исечок од сатирично видео кое што се споделува на интернет просторот откако Бајден се сопна и падна на церемонија во Колорадо. Завоите на главата на Бајден се монтирани, а, исто така, е […]

Лажни фотографии и текст прикажуваат непостоечка јапонска министерка

17 мај 2023

Лажен текст постиран под фотографии направени со вештачка интелигенција ја убедува јавноста дека Јапонија имала министерка за здравство, која е прикажана во многу провокативна позиција, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Преку објава на социјалната мрежа Фејсбук, на која се прикачени неколку фотографии од жена со длабоко деколте, се […]

Фотографиите на кои „Путин колабира“ се креирани со вештачка интелигенција

17 мај 2023

Лажно е тврдењето на социјалната мрежа Фејсбук од некои корисници дека Путин колабирал во Москва, кое притоа се поткрепува со две фотографии како е легнат на под. Истражувањето потврди дека таков настан не се случил, а фотографиите се создадени со апликација со помош на вештачка интелигенција, при што е познат дури и авторот Миша Петров, […]

Некохерентниот говор на Камала Харис во ова видео е компјутерски манипулиран

7 мај 2023

Видеоклипот што се споделува во постот е дигитално изменет во аудио делот. Навидум бесмислениот монолог на потпретседателката на САД е дигитално изменет. Од оригиналната снимка објавена на страницата на Белата куќа (1 час и 1 минута од видеото) се гледа дека Харис кажала нешто сосема поинакво од тоа што се прикажува во кусиот видеоматеријал. На Твитер […]

Фотографии генерирани со вештачка интелигенција ги „здружија“ Кејт Мидлетон и Меган Маркл

15 април 2023

Фотографиите се креирани преку алатки за вештачка интелигенција. Во реалниот живот, пријателството меѓу принцезата од Велс и војвотката од Сасекс е многу неверојатно, со оглед на историјата на тензии помеѓу двете семејства. Овие две личности се намерно одбрани за ваква манипулација којашто ќе привлече внимание и кликови на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Лажна е фотографијата на која Путин клекнат му ја бакнува раката на Џинпинг

29 март 2023

Настрана од фактот дека таквиот гест на потчинување би бил крајно нереален, проверката на факти сугерира дека сликата е генерирана од апликација за вештачка интелигенција (AL). Алатките за вештачка интелигенција можат да создадат фотореалистични слики кои се полни со детали и тешко се разликуваат од реалните слики, сепак тие редовно произведуваат слики што содржат грешки, […]

Лажна фотографија од наводно апсење на Трамп се шири на социјалните мрежи

22 март 2023

Не е уште познато дали ќе гледаме фотографии од полициски службеници во Мар а Лаго, во домот на Трамп во Флорида, но, засега, фотографијата која е дел од постот кој го рецензираме претставува графички изменета фотографија која што се шири на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   […]

Антикорупциска: Злоупотребен е профилот на Фејсбук на претседателката Ивановска

27 февруари 2023

Злоупотребен е профилот на Фејсбук на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска. На нејзиниот приватен профил преку фотомонтажа се злоупотребуваат семејни фотографии, информираше ДКСК, од каде велат дека случајот претставува дефокусирање на јавноста. „Во интерес на вистината ја информираме јавноста дека приватниот профил на социјалната мрежа Facebook на претседателката на […]

Фотошопирана фотографија од Зеленски, Бајден и првата дама на САД стана вирална на социјалните мрежи

2 јануари 2023

Oваа објава е невистинита, виралната фотографија на којашто е прикажано дека американскиот претседтел Џо Бајден, наводно, ја ставил раката на задникот на Зеленски е дигитално изменета. Станува збор за манипулирана верзија на официјална фотографија споделена од новинарскиот тим на Белата куќа, на којашто се гледа како првата дама Џил Бајден и нејзиниот сопруг го допираат Зеленски […]

Фотомонтажа: Канал 5 не објавиле дека ДУИ бара во ,,Светот на Биби” ликот на Боби да биде Албанец

28 октомври 2022

Не е вистина дека Канал 5 објавиле медиумска содржина во која се вели дека ДУИ бара во „Светот на Биби“ ликот на Боби да биде Албанец и да зборува албански јазик. Некој ја фотомонтирал оваа дезинформација на темплејт од веб-страницата на Канал 5, со цел да дезинформира што поголем број на луѓе на сметка на […]

Со монтирана фотографија снимена во Русија, се обвинува Украина дека е нацистичка

25 септември 2022

Фотографијата во склоп на постот што го рецензираме, а која го содржи украинското знаме, е графички изменета односно изманипулирана, за лажно да се претстави дека знамето е украинско. Фотографијата е направена покрај статуата на Ленин во рускиот град Новокузнецк, веднаш до административната зграда на овој град во регионот Камерово Русија. Знамето не е сино и […]

Вистиномер: Со стара фотомонтирана насловна страница се обвинува Фаучи дека ја донел СИДА-та во САД

23 август 2022

Уште од стартот на пандемијата доктор Фаучи, националниот американски експерт за инфективни болести е честа мета на дезинформации и критики. Во  обид да се поткопа неговиот кредибилитет се споделува и оваа дигитално изменета фотографија која го става Фаучи во центарот на кризата со СИДА во осумдесеттите години од минатиот век, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Вистиномер: Со монтирани фотографии се обвинуваат светски лидери дека се сатанисти

12 јули 2022

Фотографиите во постот што го рецензираме се видоизменети (altered content) односно фотомонтирани за да прикажат сосема поинаква уметност со черепи и скелети, со цел да се претстави дека лидерите на НАТО поддржуваат сатанистичка уметност. Оригиналните фотографии се од настанот кој го приреди шпанскиот премиер Педро Санчез на 29 јуни, како дел од дводневниот самит на […]

Вистиномер: Не постои „спасено шверцувано бебе“, ниту, пак, таква операција на спасување

21 јануари 2021

Монтирана фотографија од наводно „спасено шверцувано бебе“ во тело на обработено мртво животно, наменето за продажба во месарниците, се користи за ширење дезинформации дека станува збор за спречена трговија на деца и тоа од симпатизерите на наводната армија на Q-аноните, т.е. на теориите на заговор и симпатизери на американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, пишува […]

Вистиномер: Фотографијата со наводната Захариева – студентка, е лажна

18 ноември 2020

Фотомонтажа со бугарска министерка за надворешни работи наводно од нејзините студентски денови кружи на повеќе профили на корисници на ФБ и на Твитер од земјава. Екатерина Захариева е прикажана во провокативна поза, полуоблечена, со што се создава импресија за нејзе врз основа на невистинита содржина — дезинформација, пишува „Вистиномер“. Пост објава на Фејсбук на страницата […]

Намонтирана ракета во видео шири дезинформации дека експлозијата во Бејрут била поради напад

11 август 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од […]

Познат хрватски новинар лажно претставен како иселеник кој избегал од корупцијата

17 јануари 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од […]

Монтиран твит за сеење меѓуетничка нетрпеливост проголтаа српски медиуми, „Танјуг“ и српското МО

5 декември 2019

Една „фотомонтажа“ на твит, која предизвика многу гнев во српскојазичните медиуми на Балканот, е темата со која неодамна се зафати босанско-херцеговскиот сервис за проверка на факти и борба против лажните вести „Раскринкавање“ и докажа дека станува збор за лошо „скрпен“, односно измонтиран твит кој му се припишува на Емир Суљагиќ, од неодамна директор на Меморијалниот […]

Страна 1 од 1