понеделник, 9 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Министерски совет | 21 резултати

Лавров се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ, Османи и Борг

30 ноември 2023

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров попладнево се сретна со актуелниот и идниот претседавач на ОБСЕ – македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и малтешкиот министер за надворешни работи Иан Борг, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Како што информираат од руската страна, на средбата се разговарало исклучиво за состојбата во која што […]

Украинскиот амбасадор во ОБСЕ: Не можеме да градиме иднина на ОБСЕ со земја-киднапер на нашата иднина

30 ноември 2023

Симболично, покажувајќи пет зрна изгорени од Русија со ирански дрон, Евгениј Цимбаљук во обраќањето на Министерскиот совет во Скопје, рече дека Русија досега има уништено стотици илјади тони житарки, со што, како што нагласи, остави многу семејства низ целиот свет без храна. Тој во своето обраќање изрази благодарност до сите земји за поддршката на Украина […]

Бербок од Скопје го повика Путин да ја прекине војната во Украина

30 ноември 2023

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок побара од рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине агресијата врз Украина, јавува германската новинска агенција ДПА.  „Сопрете го неописивото страдање кое го донесовте на милиони луѓе“, инсистираше денеска Бербок на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров […]

Министрите потпишаа заедничка изјава за борба против корупција во Југоисточна Европа

30 ноември 2023

Како пропратен настан на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, денеска беше потпишана Заедничката изјава за борба против корупцијата во Југоисточна Европа преку враќање на имотот и користење на дигитализација. Заедничката изјава ја потпишаа актуелниот претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на С.Македонија Бујар Османи, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, босанскиот […]

Лавров најде нацисти во Кијив и балтичките земји, делегации го напуштија неговиот говор

30 ноември 2023

Конфронтирачка реторика во своето излагање имаше рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. За време на неговиот говор, неколку делегации ја напуштија сесијата во знак на протест против говорот на Лавров, кој ја претставува земјата-агресор во војната против Украина. Меѓу оние делегации што ја напуштија салата, потврдена е […]

Министерски совет: Остри осуди за руската војна во Украина и блокадата на ОБСЕ

30 ноември 2023

Остри осуди за руската воена агресија врз Украина и за блокадата на функционирањето на ОБСЕ од страна на Русија беа испратени од говорниците на почетокот од Министерскиот совет на ОБСЕ. Тие испратија порака дека со руската агресија врз Украина е прекршен Финалниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа од Хелсинки, кој е […]

Ковачевски нема да има средба со Лавров

30 ноември 2023

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ изјави дека нема да има средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој истакна дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија на Русија врз Украина. Ковачевски се надева дека на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ќе бидат […]

Коен: Хамас е ИСИС, а Израел ќе продолжи да се бори до уништување на Хамас

30 ноември 2023

Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен пред почетокот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје изјави дека неговата земја е посветена на продолжување на борбата против терористичката организација Хамас. „Хамас е ИСИС“, порача министерот Коен од Скопје. Тој додаде дека 7 октомври беше трагичен ден за Израел, како и дека има единствен виновник за […]

Авионот на Лавров ја обиколи Бугарија поради доаѓањето на Марија Захарова

30 ноември 2023

Бугарија во последен момент го откажа прелетот на авионот на Сергеј Лавров преку нејзина територија поради присуството на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова во него. Медиапул.бг јавува дека авионот патувал повеќе од пет часа преку Турција и Грција за да стигне на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Бугарските власти не […]

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

29 ноември 2023

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон Украина и ги руши европските вредности. Таа треба да е отчетна, треба да е одговорна за оваа војна. Русија значително ги зголеми нападите врз граѓанските активисти, […]

Ковачевски-Борел: Уставните измени се клучни за напредокот на С. Македонија во ЕУ

29 ноември 2023

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел при одржувањето на 30-тиот Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје. На заедничката прес-конференција, Борел изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ треба да […]

Блинкен и Османи порачуваат: Остануваме обединети во поддршка за Украина

29 ноември 2023

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи вечерва оствари средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој е во прва посета на Северна Македонија. Во фокусот на разговорите биле актуелните меѓународни случувања, со посебен фокус на состојбите во Украина, при што соговорниците упатија силна осуда за руската воена агресија и цврста […]

Лавров во Скопје ќе биде осамен, порачуваат министрите за надворешни работи

29 ноември 2023

Министерскиот самит на ОБСЕ почнува вечерва, а бројни министри за надворешни работи дадоа изјава пред пристигнувањето во Скопје. Главната тема останува доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Скопје и прашањето дали тој треба воопшто треба да биде присутен на 30-тиот Министерски совет. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека […]

Бугарија го отвори воздушниот простор – Лавров доаѓа на министерскиот самит во Скопје

27 ноември 2023

Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи на Русија ќе дојде на министерскиот состанок на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје. Бугарија го отвори воздушниот простор за летот на Лавров кој треба да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи што ќе се одржи на 30 ноември и 1 декември. Претходно, […]

Бугарија денеска останала на ставот дека Северна Македонија не треба да ги почне преговорите со ЕУ

22 јуни 2021

Како што веќе најави бугарската техничка влада и претседателот Румен Радев, Бугарија останува на ветото за Северна Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ. Бугарската блокада за одржување на првата Меѓувладина конференција со нашата земја доаѓа и покрај тоа што останатите земји-членки на ЕУ сметаат дека Северна Македонија и Албанија треба да ги отпочнат преговорите […]

Министерскиот совет на ЕУ во Луксембург одлучува за почеток на преговорите со Северна Македонија

22 јуни 2021

Министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург на Советот за општи работи на ЕУ треба да одлучат за одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, односно дали овие две земји од Западен Балкан ќе ги отпочнат преговорите за зачленување со ЕУ. Германскиот државен министер за Европа Михаел Рот […]

Димитров утре и задутре во Виена на министерски совет на ОБСЕ

6 декември 2017

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе ја предводи македонската делегација на 24. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи на 7 и 8 декември во Виена. Димитров ќе има обраќање на Министерскиот совет, на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. „На Министерскиот совет, министрите […]

Страна 1 од 1