fbpx

Бугарија денеска останала на ставот дека Северна Македонија не треба да ги почне преговорите со ЕУ

-

Како што веќе најави бугарската техничка влада и претседателот Румен Радев, Бугарија останува на ветото за Северна Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ. Бугарската блокада за одржување на првата Меѓувладина конференција со нашата земја доаѓа и покрај тоа што останатите земји-членки на ЕУ сметаат дека Северна Македонија и Албанија треба да ги отпочнат преговорите со ЕУ. Бугарија на денешниот Совет за општи работи на ЕУ останала на својот став за блокада.

Германскиот министер за Европа, Михаел Рот на Твитер попладнево напиша дека билатералните прашања треба да бидат решавани на билатерално ниво, барајќи да се размислува стратешки и да се исполнат обврските кон Северна Македонија Албанија. И покрај ваквите пораки кои почнаа и јавно да доаѓаат од значајни дипломати, и македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска рече дека првичните информации од Министерскиот совет на ЕУ не се позитивни за нашата земја.

„Точно е. Првичните информации кои доаѓаат од Луксембург се дека Република Бугарија смета дека не е спремна да даде зелено светло за преговарачката рамка и за одржување на меѓувладината конференција. Но истовремено, информациите се дека гласни се ставовите на 26 земји членки кои сметаат дека тоа е сосема неоправдано и дека Р.С Македонија одамна ги има исполнето условите“, рече министерот Османи.

Тој остави теоретска можност ситуација со бугарското вето да се промени на 24 и 25 јуни за време на Самитот на лидери на ЕУ, дополнувајќи дека бугарскиот претседател Радев е единствен кој има целосен политички мандат во оваа земја.

Инаку, повеќе министри за надворешни работи на земји-членки на ЕУ денеска искажаа поддршка за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, но за да се донесе одлука за одржување на првата Меѓувладина конференција, потребна е едногласна одлука од сите министри на земјите-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...