fbpx

Бербок од Скопје го повика Путин да ја прекине војната во Украина

„Сопрете го неописивото страдање кое го донесовте на милиони луѓе“, инсистираше денеска Бербок на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје

-

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок побара од рускиот претседател Владимир Путин веднаш да ја прекине агресијата врз Украина, јавува германската новинска агенција ДПА. 

„Сопрете го неописивото страдање кое го донесовте на милиони луѓе“, инсистираше денеска Бербок на Министерскиот совет на ОБСЕ што се одржува во Скопје.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не беше во салата додека Бербок говореше. Германската министерка овој чин посебно го истакна.

Лавров очигледно е во салата, како и на другите седници, само тогаш кога тој говори, но не и да ги сослуша другите. За стопирање на војната „не се потребни преговори, за тоа не се потребни било какви отстапувања од Украина“, изјави Аналена Бербок.

„Потребна е само една одлука на Русија“, додате таа, за да стои до основните принципи на оваа организација, ОБСЕ, да ги повлече силите и повторно да се ангажира за мир.

Бербок ја критикуваше Русија затоа што ги држи во затвор тројцата членови на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина, а тоа претставува брутално кршење на нашите заеднички правила на ОБСЕ.

За да функционира ОБСЕ итно е потребно да се продолжи мандатот на генералната секретарка Хелга Шмид и претставниците на таа организација за демократија, слобода на медиуми и малцинства, изјави германската министерка.

Во спротивно, Хелга Шмид и нејзините тројца колеги на почетокот на декември ќе мораат да ги напуштат своите функции.

„Ако е потребен компромис, ние сме подготвени. Но компромис за сметка на компромис веќе не е компримис, туку целосна блокада“, нагласи Бербок.

Таа го заврши својот говор на англиски јазик со зборовите „да се спаси ОБСЕ значи да се заштити нашиот народ, тоа е наша одговорност“.

ОБСЕ има 57 земји-членки и во моментов се наоѓа во тешка криза поради руската агресија на Украина и поради тоа што Москва ја блокира работата на оваа Организација.

Во ОБСЕ сите одлуки се носат со согласност на сите земји-членки. Со својата политика на ставање вето, Русија спречи наредната година Естонија да претседава со Организацијата. Дури овој понеделник после преговорите беше решено претседателствувањето со Организацијата да биде доделено на Малта, а таа одлука во Скопје треба да се официјализира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји,...