fbpx

Ковачевски-Борел: Уставните измени се клучни за напредокот на С. Македонија во ЕУ

Со незаконската војна на Русија против Украина таа ги поткопува истите начела на ОБСЕ и ги нарушува законите и поради тоа се соочува со меѓународни санкции и меѓународна изолација. Сепак, вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со наша заедничка цел, да го одржиме мултилатеризмот жив, рече Борел

-

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел при одржувањето на 30-тиот Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

На заедничката прес-конференција, Борел изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ треба да ги слушне мислењата на учесниците.

„Јас сфаќам дека некои земји учеснички не беа одушевени од вашата одлука да присуствува министерот Лавров, ги сфаќам, затоа што со незаконската војна на Русија против Украина таа ги поткопува истите начела на ОБСЕ и ги нарушува законите и поради тоа се соочува со меѓународни санкции и меѓународна изолација. Сепак, вашата одлука да дозволите Лавров да учествува е во согласност со наша заедничка цел, да го одржиме мултилатеризмот жив. Ова е добра прилика за него да слушне од учесниците на овој состанок зошто Русија е осудена и изолирана а потоа ќе може да се врати во Кремљ, и да му каже на господарот на Кремљ дека ЕУ и ОБСЕ остануваат обединети во осудувањето на агресивното и незаконско однесување на Русија“, изјави Борел.

Двајцата соговорници меѓу другото размениле мислења за текот на пристапниот процес на нашата држава, како и за скрининг процесот, чиј извештај ќе биде поттик за интензивен ангажман, со цел да се забрза реформскиот процес за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, известуваат од владиниот кабинет.

„Билатералниот скрининг е важен дел од процесот и потврда дека Северна Македонија се движи во вистинската насока“, истакнал на средбата премиерот, додавајќи:

„Нашите граѓаните не заслужуваат и не сакаат статус кво и нашите граѓани не заслужуваат повторно изолација каква што гледавме 11 години. Членството во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Дали ќе бидеме таму набрзо, зависи само од нас, и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички чинители во оваа земја, кои имаат одговорност пред народот да испорачаат резултати на патот кон ЕУ без изговори“.

Потпретседателот на Европската Комисија, Жозеп Борел истакнал дека уставните измени се клучни за напредокот на Северна Македонија во ЕУ и апелирал дека истите што побрзо треба да се усвојат.

Фото: Влада на РСМ

Ковачевски на средбата со Борел изразил благодарност за силната поддршка на ЕУ и изразил верување дека со новиот План за раст за Западен Балкан, Унијата ќе го интензивира својот ангажман на сите нивоа за поддршка на политичката, економската и социјалната трансформација на Северна Македонија.

На средбата биле разменети ставови за Планот за раст на ЕУ, кој е од клучна важност за реформите на финансиските капацитети и економските капацитети на државите, но и јакнењето на институциите, на земјите од Западен Балкан. Ковачевски и Борел разговараа дека овој план ќе ја зголеми економијата на Северна Македонија, и ќе и овозможи значи економско поврзување и присуство на единствениот пазар од половина милијарда потрошувачи, преку кој ЕУ стана трговска суперсила.

Високиот претставник на ЕУ, Борел го поздравил успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ. Соговорниците размениле ставови дека претседавањето сериозно придонело кон зајакнато позиционирање на земјава во меѓународни рамки како конструктивен актер за стабилност и соработка.

Борел се заблагодарил што Македонија е целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ и ја поздравил непоколебливата поддршка што Северна Македонија ѝ ја дава на Украина.

На билатералниот состанок покрај премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската Комисија, Борел, присуствуваа и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...