fbpx

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

Русија значително ги зголеми нападите врз граѓанските активисти, новинарите и политичките опоненти. Целта на Кремљ е да ја замолчи опозицијата, а тоа направи огромен јаз во функционирањето на граѓанското општество и на независните медиуми, беа само дел заклучоците од вечерашната паралелна конференција за граѓанско општество на ОБСЕ, која се одржа во МНР

-

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон Украина и ги руши европските вредности. Таа треба да е отчетна, треба да е одговорна за оваа војна. Русија значително ги зголеми нападите врз граѓанските активисти, новинарите и политичките опоненти. Целта на Кремљ е да ја замолчи опозицијата, а тоа направи огромен јаз во функционирањето на граѓанското општество и на независните медиуми.

Ова беа главните заклучоци од вечерашната паралелна конференција за граѓанско општество на ОБСЕ, која се одржа во Министерството за надворешни работи.

Лидерите на триото претседавачи на ОБСЕ или познато како ОБСЕ тројка, како и на официјални претставници на организацијата, зборуваа за слободата на медиумите, за рушењето на демократските евопски вредности, како и за важноста на граѓанските организации.

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, кажа дека годинашното мото е дека сето ова се прави за луѓето и дека С. Македонија знае добро колку е важна улогата на граѓанското оштество во почитувањето на меѓународното право и демократијата.

Постои важна корелација меѓу шареноликото граѓанско оштество и владеењето на правото. Просторот за граѓанското општество во земјите во кои тоа се намалува, демократијата опаѓа. Ова е документирано и во последните извештаи за Руската федерација, има сè повеќе репресија во неговата земја. На минатата конференција, лани во Полска, ја кажав важната улога на граѓанското општество во земјите на ОЕЦД. Среќен сум што отворивме посебна канцеларија за граѓанското општество во ОБСЕ. Во моментов гледам дека нашите основни столбови мора да се сè посилни, а важно е и да го најдеме начинот да го деблокираме потенцијалот на ОЕЦД, оти тоа е најважно за интересот на повеќе од една милијарда луѓе, рече Османи во своето обраќање.

Војчех Гервел, државен потсекретар на Министерството за надворешни работи на ОБСЕ, оцени дека меѓународната позција на Македонија е засилена и му се заблагодари на Османи за ова претседателство.

Полска е загрижена за опаѓачката слобода на граѓанските општества во Русија, а тоа е посебно видливо во текот на нејзината агресија врз Украина. Русија значително ги зголеми нападите врз граѓанските активисти, новинарите и политичките опоненти. Целта на Кремљ е да ја замолчи опозицијата. Тоа направи огромен јаз во граѓанското општество и независните медиуми. Одлучивме да ги поддржиме. Сите ние, земјите на ОЕЦД, се обидуваме да ја потикнеме толеранцијата и недискриминацијата, кажа Гервел.

Матео Мекачи, директорот на ОБСЕ/ОДИХР изјави дека војната во Украина е приоритет и дека за неколку недели ќе биде објавен четвртиот извештај за прекршувањето на меѓународното кривично право.

Скопската декларација е поврзување меѓу кршливата безбедносна ситуација и почитувањето на човековите права, а ОБСЕ и ОДИХР работат токму на овие принципи. Ова не е само привилегија за развиените оштества, ова е важно за колективната безбедност и на ова ќе продолжиме да работиме, рече тој.

Зборувајќи за ерозијата на демократијата и медиумската слобода која е резултат на војната војната во Украина, Тереза Рибеиро, претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, кажа дека војната предизвикала големи трауми и страдање.

Сметам дека ни се потребни акции и дејствување и тие треба да бидат насочени на тој начин што ќе се постави широка посветеност кон човековите права и јакнењето на институциите и владеењето на правото и медиумските слободи, со што ќе се слави петтата Универзална декларација за човекови права. Слободата на изразување е инвестирање во отпорно и добро информирано општество. Развивме нови ресурси, тоа се сет алатки за безбедност на новинарите, како и инструменти за следење на кршење на правото на слободата на изразување. И покрај сите несигурности на ова време, сметам дека иднината е светла и иднината на слободата на медиумите е светла, оцени Рибеиро.

Пиа Каума, претседателката на парламентарното Собрание на ОБСЕ рече дека во парламентарното Собрание направиле група за поддршка на Украина и оцени дека тоа е од исклучителна важност.

Едно нешто што го гледам како важна алатка за ОЕЦД како целина и парламентарното Собрание, е следењето на изборите. Соработуваме со експерите од ОДИХР и со другите хуманитарни организации и сметам дека е многу важно следењето на изборите да продолжи да биде независно. Тоа не треба да биде прашање за политички одлуки, туку треба да е засновано на работата која ја прават ексертите и набљудувачите кои го следат процесот на изборите. Без следење, ќе има опасност од нарушување на изборниот процес, рече Каума пред присутните.

Хелга Мариа Шмид, генералната секретарка на ОБСЕ, пак, потенцира дека направена е посебна декларација за запирање на сексуалното насилство и содржи начини како жените да се поддржат.

Војната против Украина е наш приоритет. Загрижени сме за постојаното ниво на закани кон жени и девoјки, а сега сме токму во кампањата „16 дена активизам за насилство против жените“, па нив треба да ги препознаеме како агенти за промени, рече Шмид.

Елина Валтонен, министерката за надворешни работи на Финска, земјата која ќе биде идната претседавачка со ОБСЕ во 2025 година, рече дека во последната година Русија е брутална кон Украина и дека ги руши европските вредности.

Таа треба да е отчетна и да одговара за оваа војна. Има голема репресија врз меѓународните слободи, кои се вметнати во скопската декларација, па затоа треба да дадеме простор и за граѓанското општество. Финска направи портал за алатки и инструменти кои ќе ги даде сите можности кои стојат на располагање на ОЕЦД и на сите институции, додаде таа.

Од денеска до петок во Скопје се одржува 30. Министерски совет на ОБСЕ, на кој учествуваат делегации од 57 земји – членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Во Скопје присуствуваат околу 1.000 учесници, вклучувајќи ги американскиот државен секретар Антони Блинкен, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Лавров во Скопје ќе биде осамен, порачуваат министрите за надворешни работи

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...