Лавров во Скопје ќе биде осамен, порачуваат министрите за надворешни работи

Министрите за надворешни работи на повеќе земји пред Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје ги дадоа своите изјави за очекувањата од претстојниот настан

-

Министерскиот самит на ОБСЕ почнува вечерва, а бројни министри за надворешни работи дадоа изјава пред пристигнувањето во Скопје. Главната тема останува доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Скопје и прашањето дали тој треба воопшто треба да биде присутен на 30-тиот Министерски совет.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека патува во Скопје за да се спротивстави на „руското империјалистичко лудило“, додавајќи дека на Европа и е насушно потребна повеќе соработка и безбедност. Таа потенцира дека ги разбира балтичките земји и Украина за проблемот што го имаат да седнат на иста маса со Лавров, но и додаде дека има намера да стори сè што е потребно за да ја спречи Русија да го уништи ОБСЕ.

Бербок како пример ги наведе финансиските проблеми на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, како и дека Русија се обидува да го блокира реизборот на актуелната генерална секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит, пренесува Дојче Веле сервисот на македонски јазик.

Од американскиот Стејт департмент денеска споделија информација оти не очекуваат средба на американскиот државен секретар Ентони Блинкен со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Блинкен вечерва имаше средба со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, а ќе има средба и со министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи. Ваквата можност ќе ја нема рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Бујар Османи пак во интервју за Радио Слободна Европа на македонски јазик повтори дека Лавров не доаѓа во Северна Македонија, туку на Министерскиот совет на ОБСЕ. Изборот на Малта за иден претседавач со ОБСЕ за него не претставува победа на Русија, туку победа на дипломатијата и на ОБСЕ.

Инаку, Русија досега се спротивставуваше за изборот на Естонија како иден претседавач со Организацијата во 2024 година и до пред само неколку дена беше неизвесно кој ќе седне на столчето на Османи од почетокот на наредната година.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека очекува Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје да биде тежок. Тој најави дека ќе дојде во Скопје заедно со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртле.

Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен смета дека Министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје ќе биде можност за земјите да ја покажат нивната поддршка за Украина и да ја осудат руската агресорска војна против Украина. Таа посочува дека Русија со оваа војна ги има прекршено основните заеднички принципи врз кои е втемелена ОБСЕ.

„ОБСЕ отсекогаш бил важен форум за дискусија на група на земји кои понекогаш имаат повеќе фактори што ги раздвојуваат отколку што ги обединуваат. Поради тоа е значајна улогата за напредок во дијалогот и соработката“, изјави финската министерка Валтонен.

Инаку, ОБСЕ е формирана во Хелсинки во 1975 година, а токму Финска ќе претседава со Организацијата во 2025 година за време на 50-годишнината од основањето на ОБСЕ во која членуваат 57 земји.

Балтичките земји Литванија, Латвија и Естонија, заедно со Украина, и денеска останаа на ставот за бојкот на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, потенцирајќи дека местото на Лавров е пред меѓународниот суд во Хаг, а не на иста маса со претставници на демократски земји.

„Зошто би летал за ОБСЕ во Скопје: За да „дискутираме за европската безбедност“ со човек на кој не треба да му се дозволи да лета во демократски земји, освен ако неговата дестинација не е Хаг?“, напиша денеска литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...