Ангажирани 320 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР за претстојните двојни избори

Мисијата ќе вклучува 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи, како и клучен тим од 12 експерти од 12 земји-членки на ОБСЕ

-

Вкупно 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права(ОДИХР) ќе бидат ангажирани за претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија на 24 април и на 8 мај, најави на амбасадорката на Канада Џилиан Стирк, која ќе ја предводи мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.

Долгорочните набљудувачи ќе бидат распоредени низ Северна Македонија од 27 април, во тимови по двајца, во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Кочани, Куманово, Штип, со тоа што во Скопје ќе има два тима. Краткорочните набљудувачи ќе пристигнат кратко пред изборите и ќе ги мониторираат гласачките места на денот на изборите.

„Има два вида избори во ист ден, па не е невообичаено да има голем број на набљудувачи“, рече Стирк.

Стирк исто најави дека мисијата ќе биде предводена од клучен тим од 12 меѓународни експерти во Скопје од 12 земји членки на ОБСЕ.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР вклучува прелиминарен извештај, кој ќе биде објавен на 9 април, како и конечен извештај кој ќе биде објавен два месеца по изборите. Ќе се анализира и колку претходните препораки на ОБСЕ/ОДИХР се имплементирани во Изборниот законик.

Притвор за тетовецот кој уценувал малолетничка и објавувал нејзини фотографии со вулгарна содржина

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – злоупотреба на лични податоци и...