среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: ОБСЕ/ОДИХР | 48 резултати

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

25 април 2024

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на Парламентарното собрание на Советот на Европа за првиот круг од претседателските избори што се одржаа вчера. Шефицата на набљудувачката Мисија на ОБСЕ/ОДИХР Џилијан Стирк денеска рече […]

Ангажирани 320 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР за претстојните двојни избори

21 март 2024

Вкупно 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права(ОДИХР) ќе бидат ангажирани за претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија на 24 април и на 8 мај, најави на амбасадорката на Канада Џилиан Стирк, која ќе ја предводи мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Долгорочните набљудувачи ќе бидат распоредени низ […]

Сложни „владици“ во Собрание си мрсат

14 март 2024

Власта и опозицијата во Собранието со здружени сили експресно протуркаа законски корекции, со кои прилично се отежнува вклучувањето на независните кандидати во изборната игра. Лутите политички противници обезбедија 84 гласа „за“ и Бадентерово мнозинство, за да ги усвојат измените на Изборниот законик со кои се зголеми прагот за учество на независните кандидати на изборите. Во […]

САД и ЕУ ја повикаа Србија да ги истражи наводите за изборни нерегуларности

20 декември 2023

Меѓународните набљудувачи на изборите во Србија денеска го објавија прелиминарниот извештај за изборниот процес и атмосферата на изборите што се одржаа на 17 декември, јавува Данас. Акцентот во извештајот е ставен на локалните избори, кои се одржаа заедно со парламентарните избори во оваа земја. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на […]

Српската опозиција и денеска во Белград ќе организира протест

19 декември 2023

Опозициската коалиција „Србија против насилството“ денеска ќе организира нов протест пред српскиот парламент и пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), јавува весникот Данас. Претставниците на опозицијата критикуваат дека изборниот процес на изборите во Белград и во Србија бил нелегитимен. „Ќе ги повикуваме луѓето секој ден да се собираат пред зградата во која се наоѓа […]

Ќе се работи на нов Изборен законик и исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР

18 април 2023

Министерството за правда денеска информираше дека е формирана работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Паралелно со ова, од министерството велат дека ќе се работи и на нов Изборен законик. „Овој процес е инклузивен и во него се вклучени претставници на политички партии, невладини организации, синдикати, […]

Порталб: Нема конкретни одговори зошто не се имплементирани сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР

4 ноември 2021

Европската Комисија во последниот Извештај за напредокот на Северна Македонија упати забелешки дека земјата не ги имплементирала сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Од оваа организација велат дека нивните препораки кои се повторуваат во секој извештај се оние кои не се прифаќаат. Но, надлежните не даваат конкретен одговор зошто не се сите препораки вклучени во новите измени […]

Црната медиумска кампања на изборите се водеше на дел од онлајн медиумите и на социјалните мрежи

20 јули 2020

Како во изборната кампања, така и за време на изборниот молк, дел од онлајн медиумите во земјава, како и одредени личности но и анонимуси на социјалните мрежи, ја одиграа нечистата пропагандна кампања за партиите на изминатите парламентарни избори. Ваквиот заклучок произлегува од констатациите изнесени во мониторингот на медиумите што го извршија мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и […]

ОБСЕ/ОДИХР: Националните радиодифузери немаа темелно аналитичко известување за време на кампањата

17 јули 2020

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во однос на набљудувањето на националните радиодифузери за време на изборниот процес констатирале дека бројните дебати и ток-шоу емисии главно биле користени од учесниците како платформи за взаемни лични критики. Исто така, во прелиминарниот извештај се додава дека информативните емисии на сите национални радиодифузери кои ги следеше Специјалната мисија за проценка на […]

ОДИХР: МТВ се придржуваше до одредбите од Изборниот законик за известување во текот на кампањата

17 јули 2020

Специјалната мисија за проценка на изборите (СМПИ) на ОБСЕ/ОДИХР во Изјавата за прелиминарните наоди и заклучоци за предвремените парламентарни избори одвои посебно мислење и за медиумското известување на јавниот сервис. Во објавениот документ се вели дека информативните емисии на МРТ во текот на кампањата се регулирани со прецизни одредби во Изборниот законик, кои пак биле […]

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите добро организирани и покрај пандемијата, но правната несигурност останува грижа

16 јули 2020

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила, велат набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР во денешната изјава. „Ова се многу предизвикувачки времиња за одржување на избори, и ги препознаваме […]

ОБСЕ/ОДИХР ќе ги следи претседателските избори со 279 набљудувачи

12 март 2019

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги покрива претстојните претседателски избори со вкупно 279 набљудувачи. Ќе има главен тим од 11 експерти со седиште во Скопје и 18 долгорочни набљудувачи кои од 20 март ќе бидат распоредени во девет тима низ целата држава, соопшти денеска на прес-конференција шефот на набљудувачката мисија, Корин Јонкер. ОДИХР дополнително ќе […]

ОБСЕ за референдумот: И покрај празнините во законите, темелните слободи беа почитувани

2 октомври 2018

Иако законската рамка не ги покри доволно сите аспекти на процесот, референдумот од 30 септември во Поранешната Југословенска Република Македонија беше администриран непристрасно, а темелните слободи беа почитувани, заклучија меѓународните набљудувачи во нивната денешна изјава. „Темелните слободи на собирање, здружување и изразување беа почитувани низ целиот процес, а, иако непостоењето на официјална кампања „Против“ значеше […]

ДИК денеска ќе ги разгледува барањата за набљудувачи на референдумот

21 септември 2018

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која, меѓу другото, треба да разгледа  барања за добивање овластувања за набљудување на референдумот на 30 месецов. Такви барања се поднесени од Шведската национална телевизија, „СВС Вести“ – Австралија, новинската агенција „Блумберг њуз“ – Велика Британија, Руската државна новинска агенција РИА, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Австриската […]

Џафери – Петерсон: ОБСЕ/ОДИХР ќе го набљудува спроведувањето на референдумот

3 септември 2018

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот, амбасадорот Јан Петерсен. Џафери изразил задоволство што ОБСЕ/ОДИХР одлучиле да испратат Мисија за набљудување на референдумот на 30 септември и оцениле дека следењето на спроведувањето на референдумот од страна на оваа организација е од исклучителна важност за поттикнување на […]

Димитров се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/OДИХР за референдумот

27 август 2018

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денеска се сретна со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот на 30 септември 2018. Димитров, како што велат од МНР, го истакнал историското значење на актуелните процеси, како и на можноста граѓаните преку овој демократски чин да ја искажат својата волја […]

АВМУ ги обжалила казните за изборни прекршоци на радиодифузерите како „недоволни“

9 ноември 2017

Во извештајот на ОБСЕ и ОДИХР од 29 октомври 2017 година се вели дека Основниот суд донел одлуки во два случаи од првиот изборен круг, пресудувајќи казни пониски од пропишаните во Изборниот законик (ИЗ) за прекршување на изборениот молк и неизбалансирано известување. Во првичните наоди и заклучоци на ОБСЕ и ОДИХР се вели дека иако ИЗ […]

ОБСЕ/ОДИХР: Изборите беа демократски, не забележавме случаи на насилство

30 октомври 2017

Вториот круг од локалните избори се одвиваше во натпреварувачки дух и почитувањето на темелните слободи придонесе за спроведување на демократски избори, заклучи набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарниот извештај за локалните избори што се одржаа вчера. – Законската рамка претставува солидна основа за спроведување демократски избори. Иако повеќето одредби од Изборниот законик се применуваа и во вториот круг, […]

ОБСЕ/ОДИХР во 15 часот ќе ги соопшти првичните оценки за вториот круг од изборите

30 октомври 2017

Набљудувачката мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР) денеска во 15 часот ќе ги претстави првичните постизборни оценки за вториот круг од локалните избори. Наодите и заклучоците за изборниот процес ќе ги претстави амбасадорката Одри Гловер, шефица на набљудувачката мисија на ОДИХР. Набљудувачкиот тим на ОБСЕ/ОДИХР кој ги следеше изборите беше составен од […]

Ѓорчев: Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е замижување за сите нерегуларности

18 октомври 2017

Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР е необјективен и не ја одразува фактичката состојба на изборниот процес, вклучувајќи го и денот на гласањето, изјави денеска на прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. – Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР повеќе е замижување и перење на сите нерегуларности, отколку изнесување на виделина и прецизно посочување на одговорните за очигледните нарушувања. Во најмала рака […]

Страна 1 од 3