fbpx

Порталб: Нема конкретни одговори зошто не се имплементирани сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР

-

Европската Комисија во последниот Извештај за напредокот на Северна Македонија упати забелешки дека земјата не ги имплементирала сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Од оваа организација велат дека нивните препораки кои се повторуваат во секој извештај се оние кои не се прифаќаат. Но, надлежните не даваат конкретен одговор зошто не се сите препораки вклучени во новите измени на Изборниот законик, кои беа направени 12 дена пред почетокот на изборната кампања, пренесува Порталб.мк.

Порталб.мк ги пренесува интегрално препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои не беа имплементирани ниту на овие локални избори:

  • Изборниот законик треба да се ревидира сеопфатно со цел да се усогласи во рамки и со другите релевантни закони, да биде во согласност со целите на ОБСЕ, меѓународните обврски и добрите практики. Ревидирањето треба да се направи во јавна постапка, по сеопфатен и доволен консултативен процес пред следните избори за да се гарантира правна сигурност;
  • Со цел да се обезбеди сеопфатна регулаторна рамка, Изборниот законик треба да се ревидира за да се разјаснат и консолидираат деталните упатства за постапката за регистрација на гласачите. Барањата во Кодексот мора да одговараат на функционалноста на централниот регистар на население;
  • Треба да има граѓанско образование насочено кон ублажување на коруптивните активности во изборните кампањи со податоци од релевантните агенции;
  • Треба да се посвети внимание и на преиспитување на регулативата за избирачкото право дома, со цел да се зголеми излезноста;
  • Треба да се размисли за стандардизирање на потребниот број потписи за независни кандидати од најмногу еден процент од запишаните гласачи во согласност со добрите меѓународни практики. Дополнително, како што беше претходно препорачано, може да се размисли за обезбедување алтернативни методи за собирање потписи со цел да се намалат можностите за заплашување;
  • Политичките партии мора да ги почитуваат условите за родова квота утврдени во Изборниот законик.
  • Се препорачува властите да покажат поголема политичка волја за да обезбедат доволна поделба меѓу државата и партијата, како и да ги почитуваат правилата за родови квоти.
  • Се препорачува политичките партии и релевантните институции да преземат иницијативи за да се поттикне учеството на жените во изборниот процес и во донесувањето политички одлуки.

Од друга страна, иако ОБСЕ/ОДИХР и Европската Комисија јасно наведуваат дека препораките не се прифатени, властите во земјава инсистираат дека измените се направени со широка консултација, иако се знае дека тие беа усвоени само 12 дена пред почетокот на изборната кампања, без јавна дискусија и сеопфатна консултација.

Министерството за правда формираше работна група која со месеци дебатираше за измените во Изборниот законик. На неа присуствуваа сите парламентарни партии со повеќе претставници. Тие детално се договорија и разговараа за измените во Изборниот законик, поточно како да се гласа на локалните избори.

„На средбата неколку пати биле повикани и претставници на помалите етнички заедници. За измените, меѓу кои беше и спроведувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, пратениците на „Левица“ ги блокираа нив со сосема непотребни и популистички амандмани. За да не се излезе на избори без спроведените препораки на ОБСЕ/ОДИХР“, рекоа од Министерството за правда, како одговор на Порталб.мк без да дадат конкретен одговор на прашањето зошто препораките на ОБСЕ/ОДИХР не се вклучени во овие измени, притоа нагласувајќи дека работните групи ќе продолжат.

И премиерот, кој не ја доставил својата оставка до Собранието, Зоран Заев даде речиси идентичен одговор на прашањето на Порталб.мк зошто измените на Изборниот законик беа усвоени без опсежни консултации, како што е наведено во извештајот на ЕК.

„Сите усвоени амандмани се во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, некои од препораките не можеше да бидат вклучени. Министерството за правда формираше работна група, се разговараше повеќе од една година. Предлог-законот беше изгласан со 78 гласа за, 2 против и 1 воздржан каде имаше само 1 против од пратениците на помалите етнички заедници и беше усогласен со сите. Знаеме дека пратениците на „Левица“ со амандмани интервенираа сосема непотребно и за популизам ги блокираа промените кои претходно беа усогласени со сите. На крајот се најде конечно решение“, рече Заев.

За околу два месеци ќе биде објавен и последниот конечен извештај на ОБСЕ/ОДИХР со препораки за подобрување на изборниот процес.

Работните групи за натамошни измени во Изборниот законик, според најавите на надлежните, ќе продолжат и во наредниот период. Сепак, засега не се знае кога тоа може да се случи, со оглед на ситуацијата создадена во земјава со најавата за оставка на премиерот, при што уште не е сигурно дали земјава ќе има нова влада, или ќе се оди на предвремени парламентарни избори. Во меѓувреме, наредните недели се очекува детален извештај на ОБСЕ/ОДИХР за неодамнешните локални избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До обвинителството не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство, [email protected], не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, соопшти...