четврток, 13 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Извештај на Европска комисија | 106 резултати

ЕК: Промена на Уставот, реформи во судството, борба против корупцијата, почитување на Преспанскиот договор

30 октомври 2024

Северна Македонија треба да продолжи да го испорачува спроведувањето на реформите поврзани со ЕУ, особено во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Потребно е да се зајакне довербата во правосудниот систем. Ова е содржано во извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, усвоен денеска. Комисијата денеска го донесе својот […]

ЕУ: Здравството ви е за ремонт, медицински сестри и специјалисти заминуваат во странство

16 ноември 2023

Беше направена првата трансплантација на црн дроб во земјата. Но, остануваат да се решат многу предизвици во областа на јавното здравје, посебно во однос на контролата на тутунот и достапноста, потоа, опсегот на здравствените услуги, финансирањето на примарната здравствена заштита, а треба да се подобри и  скринингот за рак. Освен тоа, усогласувањето на македонското здравство […]

ЕУ критикува: Мал напредок во образованието, буџетот под европскиот просек

15 ноември 2023

Северна Македонија е „умерено подготвена“ во областа на образованието и културата, наведено е во новиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјава. Во делот за образование, стои дека бил постигнат „ограничен напредок“ во воведувањето на насоки и програми за зајакнување на инклузивноста. Имплементацијата на Стратегијата за образование 2018-2025 продолжила да биде бавна. „Усвојувањето на […]

Општините се соочуваат со финансиски потешкотии и загаден воздух, велат од ЕК

15 ноември 2023

Финансиските тешкотии, јавните набавки, аерозагадувањето и занемарувањето на граѓанското општество при одлучувањето се дел од многуте критики што Северна Македонија ги доби за локалната самоуправа од Европската комисија во Извештајот за 2023 година за нејзиниот пат кон евроинтеграциите. Порталб.мк анализираше што пишува во Извештајот за општините. Во извештајот се наведува дека реформите во локалната самоуправа, главно […]

„Жолт картон“ од Европската комисија

13 ноември 2023

Во преден план на презентацијата на годинешниов пакет документи за проширувањето на Европската комисија беа токму новодојденците во тој пакет – Украина, Молдавија и Грузија. За нив продолжува забрзаната патека со предлози за почеток на преговорите, кои сепак се со одложено дејство и/или условени. Придодадена од Западниот Балкан е Босна и Херцеговина со можен условен предлог […]

Извештај на ЕК: Невработеноста останува најголем проблем за младите [инфографик]

13 ноември 2023

Според Извештајот на Европската Комисија за 2023 година за напредокот на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон европската интеграција, невработеноста е еден од најзначајните проблеми со кои се соочуваат младите во земјава. Порталб.мк го анализираше Извештајот кој констатира дека препораките од минатата година се делумно имплементирани и наведува дека „во наредната година особено треба […]

ЕУ со порака: На регионалните депонии да работите и воздухот да го прочистите

13 ноември 2023

С.Македонија годинава постигнала ограничен напредок во поглавјето Животна средина и климатски промени, потенцираат од Европската комисија во најновиот Извештај за земјава. Минатогодишните препораки се делумно исполнети, а во нареднава година треба особено да се работи на три точки. Од Европската комисија бараат наредниве месеци да се искористат за оспособување на регионалниот систем за управување со […]

Европската комисија бара поголеми напори во борбата против дезинформации

12 ноември 2023

Европската комисија препорачува С. Македонија да вложи дополнителни напори во затворање на просторот за странско мешање и манипулација со информации, вклучително и дезинформации, како и да преземе активности за градење општествена отпорност против ваквите и други форми на хибридни закани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:       Во […]

Владата итно да се посвети на довршување на пругата кон Бугарија, бара ЕУ

12 ноември 2023

Итно да се забрза изградбата на железничкиот Коридор 8, со посебен акцент на распишување на тендерот за изведба на третата фаза од пругата кон Бугарија, на потегот од Крива Паланка до македонско-бугарската граница. Ова е само дел од клучните препораки од Европската комисија (ЕК) во поглавјата за транспорт и трансевропските коридори во најновиот Извештај за […]

Граѓанските организации со реакција за европскиот извештај: Разнишани се темелите на преговорите

10 ноември 2023

Блупринт групата за реформи во правосудството оценува дека Извештајот на Европската комисија е еден од ретките каде е констатирано дека во делот на правосудството не е забележан прогрес, што од аспект на исполнување на критериумите од Поглавјата 23 и 24 претставува „целосно руинирање на сите досегашни постигнувања и напредок токму во овој сегмент“. Во соопштението […]

ЕК: Зголемен број е-услуги за граѓаните, но потребно е да се усвои Стратегијата за ИКТ

10 ноември 2023

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на дигиталната трансформација и медиумите. Постигнат е ограничен напредок кој се состои од благо зголемување на бројот на електронски услуги за граѓаните и бизнисите, наведува Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава во евроинтеграциите за 2023 година. Европската комисија забележува дека државата годинава се приклучи кон Програмата […]

Изјавата на Аврамовска Мадиќ за интегритет и за напредокот на Судскиот совет е недоследна

10 ноември 2023

Судскиот совет може да има легитимитет, како што вели Мадиќ, бидејќи е избран во Собранието, но тешко дека може да се зборува со сигурност околу интегритетот на телото после се што се случи, а уште помалку дека работите се придвижувале само затоа што членовите на Советот носеле одлуки сè почесто едногласно, пишува „Вистиномер“ во својата […]

По критиките за работата на Судскиот совет од ЕК, Лога формираше работна група за законски измени

9 ноември 2023

Министерот за правда Кренар Лога денеска формирал работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судскиот совет, со претставници од правосудството, академската заедница и невладиниот сектор. Од Министерството за правда велат дека оваа работна група се формира со цел да се надминат слабостите наведени во Извештајот на Европската комисија за досегашната […]

Гир и Маричиќ по европскиот извештај – се бараат реформи и поддршка за уставни измени

9 ноември 2023

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ прстот го впери кон опозицијата кога станува збор за блокадите во однос на патот на земјава кон Европската Унија, но прифати одговорност дека за дел од забелешките од годинешниот извештај на Европската комисија носи и Владата. Тој убедува дека проблемите нотирани во извештајот се идентификувани и се на маса, […]

Маричиќ го доби извештајот од ЕК: Свесни сме за предизвиците кои претстојат

8 ноември 2023

Денес во Владата шефот на делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, го врачи Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година на заменикот претседател на Владата Бојан Маричиќ. На состанокот, како што велат од Секретаријатот за европски прашања, се дискутирало за Извештајот, планирањето на следните чекори за реализирање на стратешката цел за […]

Судството и владеењето на правото на стаклени нозе во европскиот извештај

8 ноември 2023

Не беше постигнат напредок. Со ваква реченица Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава ја оценува борбата против корупцијата во Македонија. Се критикува и работата на Судскиот совет, но и застарувањата на судските случаи како последица на измените во Кривичниот законик. „Корупцијата останува распространета во многу области и ова прашање е загрижувачко. Се зголемија […]

Евроамбасадорот Гир не е задоволен од борбата против корупцијата во земјава

19 април 2023

Евроамбасадорот Дејвид Гир изнесе серија критики во однос на исполнувањето на препораките за борба против корупцијата од ланскиот извештај на Европската комисија на денешниот работен состанок во Владата, на кој учествуваше и вицепремиерката за политики на добро владеење Славица Грковска. Двајцата ги оценија како „недоволни, бавни и разочарувачки“ спроведените мерки и препораки од Антикорупциската комисија […]

Возен ред без поаѓања на возови, бројот на превезени патници лани само 400.000 [инфографик]

18 февруари 2023

Патнички возови кои се внесени во актуелниот возен ред, но не сообраќаат. Нервозни граѓани кои се упатиле до железничките станици, но не успеале да се информираат дека поаѓањето на возот е откажано. Веќе подолг период не сообраќаат патничките возови кон Кичево, Кочани и Приштина, иако се впишани во актуелниот возен ред на Железници на РСМ-Транспорт. […]

И јануари помина, нема тендер за изградба на регионалната депонија во Свети Николе

8 февруари 2023

Првиот месец од 2023 година помина, но не се остварија најавите за објавување на тендерот за изградба на првата регионална депонија по ЕУ стандарди во земјава. Модерната фабрика за отпад за Источниот и Североисточниот регион треба да се гради во Општина Свети Николе, а од Министерството за животна средина и просторно планирање кон крајот на […]

2022 година за младите од земјава: Невработеност, миграција, нарушено ментално здравје и заборавени од институциите

14 јануари 2023

Младите во Северна Македонија и во текот на 2022 година се соочија со низа проблеми кои директно се одразуваат на нивниот живот. Тие во вокабуларот на политичарите се врвен приоритет, но во пракса властите не прават доволно за нивната иднина. Во продолжение Порталб.мк ви нуди еден преглед на тоа што ја одбележа 2022 година во однос […]

Страна 1 од 6