fbpx

По критиките за работата на Судскиот совет од ЕК, Лога формираше работна група за законски измени

Со работната група ќе претседава академик Владо Камбовски, член на Македонската академија на науките и уметностите, а во неа ќе учестуваат претставници од правосудството, академската заедница и невладиниот сектор

-

Министерот за правда Кренар Лога денеска формирал работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судскиот совет, со претставници од правосудството, академската заедница и невладиниот сектор. Од Министерството за правда велат дека оваа работна група се формира со цел да се надминат слабостите наведени во Извештајот на Европската комисија за досегашната работа на Судскиот совет, а во рамки на надлежностите на Министерството за правда за изготвување закони во оваа област.

Од Министерството информираат дека со работната група ќе претседава академик Владо Камбовски, член на Македонската академија на науките и уметностите, а во неа ќе учестуваат:

Маргарита Цаца – Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур
Д-р Бајрам Положани, поранешен судија на Уставниот суд и професор по уставно право,
Бранко Наумовски, поранешен претседател на Уставниот суд;
Сали Мурати, поранешен претседател на Уставниот суд;
Беса Адеми, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија;
Јелена Кадриќ, претставник од Институтот за човекови права;
Ивана Петковска, претставник од Коалиција Сите за правично судење
Џемали Саити, судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија;
Д-р Денис Прешова, професор на Правниот факултет „Јустинија Први“- Скопје;
Д-р Ана Павловска – Данева, професор на Правниот факултет „Јустинија Први“- Скопје;
Ѓорѓи Радојков, поранешен судија;
Ивица Николовски, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија;
Д-р Јетон Шасивари, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа;
Д-р Беса Арифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа;
Шпенд Деваја, судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија. 

Paботната група во својата работа ќе повикува и претставници од сите релевантни органи од областа на правосудство.

Европската комисија во Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година изрази сериозна загриженост за работата на Судскиот совет.
Во клучните оценки и препораки во делот на функционирање на судството, Европската комисија го повика Судскиот совет да се залага да ја заштити независноста и интегритетот на судиите. Натаму, се нотира контроверзното разрешување на Претседателот на Судскиот совет преку контроверзна постапка со која се довело во прашање почитувањето на законите и постапките.

Во извештајот се нотира и ниската доверба на судиите во улогата на Судскиот совет во заштита на судската независност, а согласно оценката на ризикот од корупција во судството, објавена во јуни 2023 година, со која 72% од судиите не се согласуваат со ставот дека Судскиот совет ефективно ја штити судската незавиност.

Како една од причините за испраќање на оценска мисија од страна на Европската унија за работата на Судскиот совет, беа и лоцираните слабости во неговото функционирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...