Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија

Османи уште кажа дека по правило сите треба да бидат присутни и дека ќе се направат логистички напори за да му се овозможи на Лавров да дојде, но дека тоа ќе зависи од одлуките кои ќе се донесат

-

Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија, туку кажа дека неговото доаѓање ќе биде предизвик, бидејќи воздушниот простор на Македонија и на соседните земји е затворен за руски државни авиони. Османи рече дека, по правило, сите треба да бидат присутни и дека ќе се направат логистички напори за да му се овозможи на Лавров да дојде, но дека тоа ќе зависи од одлуките кои ќе се донесат, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека министерот за надворешни работи, Бујар Османи му забранил на рускиот министер, Сергеј Лавров да слета во Северна Македонија.

ДЕНЕСКА БУЈАТ ОСМАНИ НЕ МУ ДОЗВОЛИ НА СЕРГЕЈ ЛАВРОВ ДА СЛЕТА ВО МАКЕДОНИЈА.

п.с. само вие ку**ете се. набрзо ќе цвикате како џукели, стои во објавата која ја анализираме.

Ваквото тврдење не е точно. Османи не му забранил ниту на Лавров, ниту на кoj било друг министер за надворешни работи на земја-членка на ОБСЕ да слета во С. Македонија.

Имено, С. Македонија се подготвува за годишната министерка конференција на ОБСЕ, што ќе се одржи од 29 ноември до 1 декември во Скопје. За таа цел, министерот Османи пред два дена одржа прес-конференција во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“ на која зборуваше за текот на подготовките.

Османи најави дека во главниот град на земјата треба да пристигнат 76 делегации од земји членки и партнери на ОБСЕ. Околу 200 војници на АРМ ќе ги возат министрите на ОБСЕ. Се очекуваат над 1.000 гости, над 100 медиуми, делегации од повеќе земји, меѓу кои и од САД, Велика Британија и од Русија.

Како што нагласи Османи, сѐ уште е неизвесно доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи,  Лавров, бидејќи македонскиот воздушен простор, како и воздушниот простор на соседните земји, е затворен за државни руски авиони.

Добив писмо пред 4-5 дена од министерот за надворешни работи, во кое покажува интерес и барање да се обезбеди негово присуство во Скопје. Има одредени предизвици во делот на тоа прашање, првин затоа што воздушниот простор на С. Македонија и на нашите соседи е затворен за руски авиони, иако по правило треба сите земји учеснички треба да присуствуваат на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Но, тоа сепак ќе зависи од одредени одлуки што ќе треба да се донесат во текот на наредните денови. Се надевам дека сите ќе успееме да бидеме во Скопје,  изјави Османи за посетата на Лавров на Скопје.

Значи, Османи не му забрани на Лавров да слета во С. Македонија, туку рече дека неговото доаѓање ќе биде предизвик, бидејќи воздушниот простор на С. Македонија и на соседните земји е затворен за руски државни авиони. Османи уште кажа дека по правило сите треба да бидат присутни и дека ќе се направат логистички напори за да му се овозможи на Лавров да дојде, но дека тоа ќе зависи од одлуките кои ќе се донесат.

Османи ниту одлучува сам, ниту пак, може на некој да му забрани да доаѓа на годишната конференција на ОБСЕ. Тој дури и најави дека ќе се обиде да го обезбеди присуството на Лавров.

Поради ова, не може да се тврди дека Османи му забранил на Лавров да слета во С. Македонија, како што тоа го тврди објавата што ја анализираме. Според сето погоре, истата ја оценуваме како неточна.

 

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...