понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: министерство за правда | 37 резултати

Филков: Се соочуваме со низа предизвици и предуслови чие исполнување е очекувано и прифатливо

11 ноември 2024

Министерот за правда Игор Филков, говорејќи на конференција во Будимпешта, истакна дека Македонија се соочува со „низа предизвици и предуслови, чие исполнување е очекувано и прифатливо“. Но, како што посочи тој, се надева оти земјата ќе премине во наредната фаза од преговорите со ЕУ и ќе го отвори првиот кластер откако „заедничките интереси ќе се […]

Филков во Идризово по вчерашниот инцидент: Состојбата во затворите е алармантна

27 јуни 2024

Состојбата во затворите е алармантна. Ресоцијализација и рехабилитација со лоши услови во затворите не може да има. Вака коментира новиот министер за правда Игор Филков, по денешната посета во затворот Идризово, откако вчера се случи инцидент во затвореното одделение Амбуланта, каде беа повредени припадници на затворската полиција и затвореници. „На 26.06.2024 во 13.10 часот во […]

Лога преку писмо се пожали до Брисел и Вашингтон за најавите за распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители

4 јуни 2024

Министерот за правда во техничката влада Кренар Лога испратил писмо до дел од амбасадорите во земјава, но и до официјален Брисел и Вашингтон, во кое ја изразува својата загриженост за најавата на ВМРО-ДПМНЕ која партијата ја даде уште пред изборите, дека ќе ги распушти Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Во писмото до амбасадорите, […]

Помилување ќе може да има само ако е донесена правосилна судска пресуда

13 март 2024

Собранието денеска го донесе Законот за помилување, предложен од Министерството за правда, со кој претседателот на државата може да даде помилување само за правосилно осудени, а не и за лица кои се гонат кривично или се предмет на истрага. При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните […]

Министерството за правда уште во декември испрати барање за екстрадиција на Палeвски

18 февруари 2024

Објава дезинформира дека Министерството за правда не испратило барање за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо од Турција и покрај тоа што самото барање беше испратено експресно во декември и по него веќе се постапува од страна на турските власти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа […]

Иако вети, Лога сè уште не ги презентирал измените во Кривичниот законик со кои се ублажија казните за функционерите

12 февруари 2024

Измените во Кривичниот законик во Северна Македонија, со кои се спасија или ублажија казните за корумпираните функционери, продолжуваат да генерираат негативни ефекти врз правниот систем на државата, но и остри критики од внатрешниот и меѓународниот фактор. Министерот за правда Кренар Лога пред четири месеци најави презентација на новите измени, но до денес тоа не го […]

Поради несовесно работење, разрешени државните правобранители на Скопје и Струга

10 јануари 2024

На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на вчерашната владина седница била донесена одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. „Владата на РСМ одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за […]

Стратегијата за развој на правосудството се најде на хартија, имплементацијата неизвесна

28 декември 2023

Судството и јавното обвинителство, капацитетите на посебните институции на правосудниот систем, индивидуалните професии и jавни служби, Уставниот суд и специфичните правни области (кривична и граѓанска материја) се петте клучни приоритетни области релевантни за функционирање на правосудството вклучени во Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028 што денеска ја презентираше Министерството за правда. Aкадемикот Владо Камбовски ја […]

Екстрадицијата на Палевски може да трае со месеци, ќе има право на жалба на секоја одлука

13 декември 2023

Не може наскоро да се очекува екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција во Македонија, односно треба да завршат сите процедури кои нему му стојат на располагање. На секоја можна одлука од турските органи, Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, може да поднесува жалба. Со ова, процесот […]

Со закон се предлага децата-жртви на насилство да имаат можност за обесштетување

12 декември 2023

Со текстот на Предлог-законот за правда за децата, кој беше утврден на владина седница, за првпат децата-жртви ќе имаат можност на право за обештетување. Од Министерството за правда соопштуваат дека со членот 151 од овој закон, се утврдува дека заради обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е […]

Политичкото рекламирање да не е на товар на државата, предлог во Изборниот законик

11 декември 2023

Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик, во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираше попладнево Министерството за правда. „Министерот за правда Кренар Лога го поддржува предлогот на работната група, платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата. Со оглед на тоа што на лидерска […]

Во собраниска процедура влегува законот за одземање имот стекнат со корупција

10 декември 2023

Министерството за правда соопшти дека во собраниска процедура влегува предлог-законот со кој се овозможува одземање имот стекнат со корупција, без да биде процедурално утврдена кривична одговорност. „Законот за канцеларија за поврат на имот влегува во собраниска процедура. Со новиот Закон,чиј предлагач е Министерството за правда , АРО Канцеларијата ќе има надлежност да презема активности за […]

Почна постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција во Македонија

6 декември 2023

Министерството за правда од надлежните турски власти побарало Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, кој беше фатен во Турција, да биде задржан во притвор поради екстрадиција сè до завршувањето на постапката. „Очекуваме од Република Турција веднаш да постапи по нашето барање“, велат од Министерството за правда. Утринава […]

Лога: ИТ системот во обвинителствата полн со недостатоци, следуваат законски измени

16 ноември 2023

Министерот за правда Кренар Лога одржа средба со голем број претставници од правосудните инстанци, политичките партии и граѓанскиот сектор, а во врска со потребата за изготвување измени во Законот за јавното обвинителство и нов Закон за јавнообвинителската служба, со оглед на тоа што, како што вели тој, се констатира дека актуелниот информатички систем има недостатоци […]

Долгите истраги ги скараа Министерството за правда и обвинителството

15 ноември 2023

Министерството за правда и Јавното обвинителство се судрија околу Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2022 година. Два дена двете инситуции се допишуваат преку медиумите, откако Министерството за правда до јавноста ги испрати забелешките во однос на работата на обвинителствата. Од обвинителството денеска одговорија дека „штом Министерството за правда одлучило јавно да ги […]

По критиките за работата на Судскиот совет од ЕК, Лога формираше работна група за законски измени

9 ноември 2023

Министерот за правда Кренар Лога денеска формирал работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судскиот совет, со претставници од правосудството, академската заедница и невладиниот сектор. Од Министерството за правда велат дека оваа работна група се формира со цел да се надминат слабостите наведени во Извештајот на Европската комисија за досегашната […]

Еврокомесарот за правда загрижен за кривичните предмети кои застаруваат

27 октомври 2023

Една од најострите реакции во врска со измените на Кривичниот законик од страна на меѓународната заедница дојде денеска, од страна на еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс на денешниот форум на ЕУ со Западен Балкан што се одржува во Скопје. Тој изрази изненаденост и загриженост околу измените на Кривичниот законик, со кои досега застареа повеќе судски […]

Мицкоски се закани со напуштање на Собранието, му одговорија од Министерство за правда

2 октомври 2023

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се закани дека пратениците од оваа партија ќе го напуштат Собранието на РСМ доколку власта стави европско знаменце на Законот за амнестија. Мицкоски рече дека ќе го блокираат донесувањето на ова законско решение, кое е за амнестија на криминалци. Очекувањето е опозицијата да достави голем број амандмани на Законот за […]

Уставен суд: Изводите со графа националност се поништуваат, не бил испочитуван рокот за објава

27 септември 2023

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или […]

Лога во Идризово: Условите се мизерни, потребна е итна амнестија

14 септември 2023

Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност, затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови. Вака министерот за правда Кренар Лога ги опиша условите во затворот „Идризово“, со образложение дека е итно потребна амнестија, односно усвојување на предлог-законот за амнестија, кој овозможува ослободување и […]

Страна 1 од 2