Comments are closed.

Лога во Идризово: Условите се мизерни, потребна е итна амнестија

Се работи за луѓе. И покрај извршените дела тие се луѓе и заслужуваат достоинство. Наместо ресоцијализација и враќање во нормален живот, со ваков третман состојбата на овие лица може да се влоши уште повеќе, велат од Министерството за правда

-

Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност, затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови.

Вака министерот за правда Кренар Лога ги опиша условите во затворот „Идризово“, со образложение дека е итно потребна амнестија, односно усвојување на предлог-законот за амнестија, кој овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела.

Фото: Министерство за правда

Лога, заедно со претседателот на Анкетната комисија за заштита на човековите слободи и права, Халил Снопче, членот на комисијата Драгица Ѓавочанова , дирекоторот на УИС Јовица Стојановиќ, директорот на КПУ „Идризово” Зоран Јовановски и заменик директорот Феми Јонузи, денеска разговарале со затворениците и биле информирани за проблемите со кои се соочуваат.

Фото: Министерство за правда

„Овие услови докажуваат зошто ни е потребен итно Закон за амнестија, со кој барем минимално ќе се растеретат капацитетите. Се работи за луѓе. И покрај извршените дела тие се луѓе и заслужуваат достоинство. Наместо ресоцијализација и враќање во нормален живот, со ваков третман состојбата на овие лица може да се влоши уште повеќе. Апелираме оваа состојба да не се злоупотреби за политички цели а пратениците да покажар хуманост и да дадат поддршка на Законот за амнестија“, изјавија од Министерството за правда.

Со предлог-законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната, а осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, да се ослободат од издржување на 30 проценти од казната изречена со правосилна пресуда.

Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, несовесно работење во службата од член 353-в, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово -базирано насилство.

Освен овие дела, амнестијата не се однесува за кривични дела „Разбојништво”,  „Измама на штета на средства на Европската Унија”, „Перење пари“, „Примање поткуп”, „Давање поткуп” и „Давање награда за противзаконито влијание”.

Амнестијата, според предлог-законот, не се однесува на лицата кои делата што се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година и на лица кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Северна Македонија.

Освен тоа, амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.

1 КОМЕНТАР

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички центар лежат...

Јавното обвинителство отвори истражна постапка за 27 лица и три компании во врска со пожарот во Кочани

Јавното обивинителство отвори истражна постапка против 27 лица и три компании за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќта на 16 март загинаа 59 а повредени се над 190...

Аеродромот Хитроу е затворен поради пожар кој избувна во трафостаница што предизвика прекин на струјата

Британскиот аеродром Хитроу од утрово е целосно затворен откако пожар предизвика прекин на струјата, нарушувајќи летови за илјадници патници на најфреквентниот европски транспортен центар, пренесува Асошиејтед Прес. Според сервисот за следење летови...

Пожарот во Кочани не е злодело на прозападната власт со цел уништување на Македонците

Пожари со многу жртви имало и во Русија (во ноќниот клуб Хромаја лошад во Перм во 2009 г., трговскиот центар Зимњаја вишња во Кемерово во 2018 г. или кафулето Полигон во...

Таравари: Десет пациенти хоспитализирани во земјава пуштени на домашно лекување

Десет пациенти коишто се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени на домашно лекување, информираше денес министерот за здравство, Арбен Таравари. „Вчера имаше три пациенти што ги испишавме. Моментално во Клинички...