fbpx

Григорјан: Сите општествени фактори да се обединат во борбата против дезинформациите

Според последниот Индекс на медиумска писменост, 70 отсто од луѓето во Северна Македонија има ризик да веруваат во манипулативни информации без да ги проверат, посочи Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во земјава

-

Ширењето дезинформации и лажни вести, манипулирањето со фактите и искривувањето на реалноста стана секојдневие. Имајќи ја предвид изложеноста на граѓаните на дезинформации, како и претстојните избори во земјата, неопходно е да се работи на позитивни практики за креирање поголема општествена отпорност на погрешните информации, заклучија учесниците на денешната панел дискусија насловена „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик за изборниот процес“.

Настанот го организираше Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) по повод Меѓународниот ден на демократија, кој традиционално се одбележува на 15 септември.

Настанот го отворија Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП и Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Учесници во дебатата беа Назим Рашиди, новинар во Алсат, Мери Јордановска, заменик-уредник во Мета.мк, Горан Трпеноски, член на Антикорупциската комисија, Марина Трајкова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Сеад Џигал, професор на факултет за комуникации.

„Негативното влијание на лажните информации нема граници. Тие влијаат на сите нас, без разлика каде живееме или со што се занимаваме. Ја поткопуваат довербата, ги нагризуваат темелите на демократијата и ја попречуваат вклученоста на маргинализираните групи во општеството. Според последниот Индекс на медиумска писменост, 70 отсто од луѓето во Северна Македонија има ризик да веруваат во манипулативни информации без да ги проверат, во споредба со Финска каде овој индекс е 10 отсто. Затоа, неопходно е сите општествени фактори да се обединат во борбата против дезинформациите“, изјави Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

Според Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ, во ера на огромен проток на информации, посебно на дигиталните платформи, новинарството како професија се наоѓа на критичен крстопат.

„Дезинформациите, без разлика дали се намерни или ненамерни, ја загрозуваат самата суштина на нашата професија. „Благодарение“ на нив, се нагризува довербата во медиумите, се делат заедниците и се поткопуваат темелите на демократијата“, рече Чадиковски.

Фото: УНДП

Учесниците на панел дискусијата говореа за потребата да се работи на поголема медиумска писменост, зголемување на медиумскиот интегритет, големото влијание на социјалните мрежи врз секојдневното конзумирање информации од граѓаните.

УНДП денеска најави и дека започнува со имплементација на проектот „Прескокни ја лажната информација“, чија цел е зајакнување на капацитетите на локалните заедници да бидат поотпорни на погрешни информации и родово базирани дезинформации.

Активностите ќе бидат насочени кон зголемување на медиумската писменост и медиумскиот интегритет, разоткривање на постојните дезинформации преку креирање регионална платформа на која ќе се објавуват издржани и веродостојни новинарски производи од неколку помали градови во државата, како и зголемување на општествената свест за родово базираните дезинформации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...