сабота, 14 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: изборен процес | 18 резултати

Григорјан: Сите општествени фактори да се обединат во борбата против дезинформациите

14 септември 2023

Ширењето дезинформации и лажни вести, манипулирањето со фактите и искривувањето на реалноста стана секојдневие. Имајќи ја предвид изложеноста на граѓаните на дезинформации, како и претстојните избори во земјата, неопходно е да се работи на позитивни практики за креирање поголема општествена отпорност на погрешните информации, заклучија учесниците на денешната панел дискусија насловена „Демократијата на коцка: Справување […]

Мијалков спроведен во Кривичен суд за делото „Титаник 2“

26 декември 2022

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од затворот во Струга, во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Рочиштето беше закажано за 22 декември, но заради техничка грешка во комуникацијата на судот со затворот, Мијалков не беше спроведен. Тој се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности […]

Денеска гласаат болните од ковид-19 и лицата во самоизолација

13 јули 2020

Болните од ковид-19 и граѓаните што се наоѓаат во самоизолација денеска ќе можат да го остварат правото на глас на предвремените парламентарни избори. Денешното гласање ќе се одвива на ист начин како што гласаат болните и немоќни лица, односно избирачките одбори ќе ги посетат домовите на лицата во карантин и самоизолација. Право на глас имаат […]

Комисијата за заразни болести го утврди протоколот по кој би се одвивал изборниот процес

14 мај 2020

Комисијата за заразни болести го утврди протоколот на кој начин да се одржат активностите на партиите за време на изборниот процес во услови на присуство на корона вирусот, како и за денот на гласањето, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Овој протокол произлегува од генералните препораки кои се на сила, односно носење […]

СДСМ бара избори веднаш по стабилизирањето на епидемијата, ВМРО-ДПМНЕ против

2 мај 2020

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес-конференција информираше дека владејачката партија очекува парламентарните избори да се организираат веднаш по стабилизирањето на епидемијата со корона вирусот. Тој посочи дека ова е заклучокот од одржаната онлајн координација на шефовите на регионалните изборни штабови на СДСМ. – Веднаш штом се стабилизира епидемијата, за што сме оптимисти […]

Џафери честиташе за европскиот начин на гласање, во мирна и демократска атмосфера

29 октомври 2017

Ме радува фактот што атмосферата е мирна и што граѓаните имаат можност да гласаат европски, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој денеска гласаше во родното Форино, Гостиварско. –  Тоа е придобивка на политичкиот систем во Македонија, со која граѓаните ја изразуваат нивната слободна волја. Се надевам дека до крајот на денот ќе биде вака […]

ОЈО во Битола, Скопје и во Кочани водат истраги за шест случаи поврзани со изборите

16 октомври 2017

Основните јавни обвинителства во Битола, Кочани и во Скопје почнале предистражни постапки за шест случаи за извршени кривични дела поврзани со изборниот процес. Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, еден од случаите е во Основното јавно обвинителство Битола, два се во ОЈО Кочани и три во ОЈО Скопје. „Делата за кои се водат постапките се […]

Груевски го информирал Бјорнстад за нарушување на предизборниот процес

4 октомври 2017

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретнал со амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија, Арне Санес Бјорнстад. На средбата, како што информираат од партијата, се разговарало за актуелната состојба во државата и за стратешките интереси на Македонија. Груевски го запознал својот соговорник со актуелната политичка состојба и со одвивањето на предизборниот процес. Лидерот на […]

Јавното обвинителство формираше Комисија за следење на изборни нерегуларности

3 октомври 2017

Јавното обвинителство на Република Македонија формираше привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности за претстојното спроведување на локалните избори, закажани за 15 октомври 2017 година. Комисијата ќе треба да постапува по евентуални изборни нерегуларности поврзани со постоење на кривични дела од глава 16 од Кривичниот законик – кривични дела против изборите и гласањето, како […]

Заев – Гловер: Ќе има строги санкции за секој што ќе ја наруши регуларноста на изборите

26 септември 2017

Не смееме да дозволиме поради изборни нерегуларности да ги доведеме во прашање нашите евроатлантски аспирации, на кои работевме многу во изминатите неколку месеци, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори, Одри Гловер. Заев посочил дека ќе има строги санкции за секој поединец или организација […]

Косово дозволи Србите што живеат таму да гласаат на претседателските избори

1 април 2017

Србите кои живеат во Косово ќе може да гласаат на 20 избирачки места на целата територија, за претседателските избори во Србија кои се одржуваат утре, пишува весникот пишува „Коха диторе“. Изборниот процес ќе се одвива како и во Србија, но пребројувањето на гласовите нема да се врши во Косово. Информацијата ја потврдил и заменик-министерот за локална […]

Бејли: Идната влада и опозицијата да работат конструктивно во спроведување на реформите

12 декември 2016

Американската амбасада ги поздрави прелиминарните заклучоци на ОБСЕ дека фундаменталните права на изборите генерално биле почитувани, излезеноста била голема, а изборите биле спроведени на мирен и регуларен начин со неколку случаи на неправилности. – Ние ја истакнавме загриженоста на набљудувачките тимови за административните подготовки на изборите и ја повикуваме следната влада да работи на подобрување […]

„Мост“ промовира нова алатка за пријавување нерегуларности за изборите

30 ноември 2016

Граѓанската асоцијација „Мост“ креираше уште една алатка со која ќе им овозможи на граѓаните поедноставно да пријават нерегуларности за време на изборниот процес. – Од денес е активна платформата http://neregularnosti.most.org.mk/ преку која секој граѓанин ќе може самостојно да пријави притисоци, инциденти, проблеми со избирачкиот список, говор на омраза и други прекршоци поврзани со изборниот процес – […]

Иванов: Не важно кој ќе победи на изборите, важно е тоа што следува по нив

8 септември 2016

За разлика од пред пет години, кога граѓаните сплотени и единствени ја прославуваа 20-годишнината од независноста на државата, овој јубилеј (25-годишнината од независноста) нè затекна раскарани и поделени, со меѓусебна недовреба и со омраза, истакна синоќа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во својот говор на свечената академија во Македонскиот народен театар по повод Денот на независноста. […]

Страна 1 од 1