Комисијата за заразни болести го утврди протоколот по кој би се одвивал изборниот процес

-

Комисијата за заразни болести го утврди протоколот на кој начин да се одржат активностите на партиите за време на изборниот процес во услови на присуство на корона вирусот, како и за денот на гласањето, информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Овој протокол произлегува од генералните препораки кои се на сила, односно носење на заштитна опрема и почитување на физичко растојание од 1,5 до 2 метри.

– Во однос на предизборната кампања, согласно препораките на Комисијата, одржувањето на сите активности на партиите треба да се одвиваат исклучително со почитување на дистанца од два метри, задолжително носење на маска или друга заштитна опрема. И на отворено и на затворено, потребно е да се почитува растојанието од 1,5 до 2 метри и носење на заштитна опрема – рече Филипче.

Согласно големината на просторот каде што се одвиваат активностите треба да биде и бројот на учесници, а местото треба да биде озвучено за луѓето да не се туркаат.

Во однос на кампањата од врата на врата, потребно е да се носи заштитна опрема, да се почитува растојанието и тоа да не се одвива внатре во домаќинствата. Партиските активности, препорачано е да се држат на отворено или најмногу два часа на затворено, по што треба да следи дезинфекција на просторот и проветрување.

– Активистите на штанд треба да држат растојание и да бидат со заштитна опрема. Во однос на организирање на превоз од страна на партиите за партиски цели, капацитетот треба да биде исполнет 50 проценти и сите во возилата да носат заштитна опрема – додаде Филипче.

На денот на изборите, членовите на гласачките одбори треба да држат растојание од два метри, или доколку тоа не е возможно, треба да носат заштитни маски и ракавици. Во просторијата каде што се гласа потребно е да има само толку гласачи колку што има паравани за гласање.

Гласачите треба да чекаат надвор на растојание од два метри, при што кога влегуваат, треба рацете да ги дезинфицираат, кратко да ја извадат маската за идентификација по лична карта, и кога ќе завршат со гласање, повторно да се дезинфицираат.

Комисијата за заразни болести го изготви овој протокол на барање на политичките партии кои на лидерската средба заклучија дека здравјето на граѓаните е над сè, и затоа побараа да се утврди начинот на кој ќе се одвива изборниот процес во услови на корона вирус.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...