Твитер ќе означува и отстранува објави со лажни тврдења за Ковид-19

Од социјалната мрежа Твитер во понеделникот изјавија дека ја прошируваат нивната полиса во врска со содржината која се спротиставува на препораките во борбата со пандемијата од Ковид-19. Оваа промена ќе се спроведе врз основа на три категории, врз коишто ќе се реши дали на таа објава ќе се стави ознака, предупредување или пак отстранување на содржината од платформата. Овие три категории се: лажни информации, спорни и непотврдени тврдења. За да се осигураат дека тие твитови ќе бидат точно идентификувани, од Твитер велат дека ќе ги користат нивните внатрешни системи за проактивно да ја надгледуваат содржината поврзана со Ковид-19.

Јоел Рот кој што е на челото на одделот за интегритетот на веб сајтот на Твитер, на нивната платформа изјави дека овие ознаки се однесуваат на било кој што ќе сподели информација што сoвпаѓа во нивната нова полиса, вклучувајќи ги и светските лидери.