fbpx

СДСМ бара избори веднаш по стабилизирањето на епидемијата, ВМРО-ДПМНЕ против

-

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната прес-конференција информираше дека владејачката партија очекува парламентарните избори да се организираат веднаш по стабилизирањето на епидемијата со корона вирусот. Тој посочи дека ова е заклучокот од одржаната онлајн координација на шефовите на регионалните изборни штабови на СДСМ.

– Веднаш штом се стабилизира епидемијата, за што сме оптимисти дека брзо ќе се случи, а на основа на сите епидемиолошки и здравствени анализи на клучните надлежни институции и авторитети во здравството веднаш после тоа треба да се реализираат изборите, во првиот можен рок – појасни Љупчо Николовски.

Тој изјави дека изборите треба да станат реалност, што поскоро, во моментот кога епидемиолозите и здравствените авторитети ќе проценат дека има услови за враќање на општествените текови во функција. Изборниот процес и изборните дејствија треба да продолжат онаму каде што застанаа за одржување на веќе закажаниот датум на 12 април.

– Демократијата бара Собранието да ја контролира извршната власт и да биде на располагање за нови одлуки, со полн мандат од граѓаните. Тоа е причина повеќе да продолжиме по патот на обезбедување на новата нормалност, која веќе сите ја живееме – порача Николоски.

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ повторија дека во нивните приоритети ги нема изборите. Потпретседателот Александар Николоски појасни дека од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не размислуваат за избори во услови кога луѓе секојдневно се заболуваат од корона вирусот.

– Во моментов гледаме дека здравствени работници се заболуваат во Македонија за жал најмногу во регионот, затоа што немаат соодветна здравствена опрема или имаат здравствена опрема и повторно се заболуваат што значи дека нема никаква гаранција. Во такви услови да ставите два милиони луѓе во опасност, само затоа што Заев сака да биде амнестиран за криминалот мислам дека е недолично, нечовечки и недостоинствено – изјави Александар Николоски.

Наспроти спротивставените изјави на двете партии, министерот за здравство Венко Филипче во изјава за телевизија „Телма“ денеска напомена дека датум за избори ќе може да се закажува само кога Комисијата за заразни болести ќе го одобри тоа.

– Само врз основа на стручни аргументи, анализа на бројот на пациентите, на новодијагностицирани, само врз основа на бројот на пациенти кои ги имаме во болниците, но и на домашно лекување ќе бидат дадени следните предлози – појасни министерот Филипче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...