fbpx

Иванов: Не важно кој ќе победи на изборите, важно е тоа што следува по нив

-

За разлика од пред пет години, кога граѓаните сплотени и единствени ја прославуваа 20-годишнината од независноста на државата, овој јубилеј (25-годишнината од независноста) нè затекна раскарани и поделени, со меѓусебна недовреба и со омраза, истакна синоќа претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во својот говор на свечената академија во Македонскиот народен театар по повод Денот на независноста.

Иванов, правејќи осврт на предизвиците и на успесите на државата на патот кон својата самостојност, рече дека како општество можеме да бидеме вистински слободни само ако ја чуваме слобододата во нашите срца, „во срцето на Македонија“, но дека тоа „срце денес е исполнето со горчина поради прекршените завети“.

– Првиот Илинден имаше свој завет. Илинденците се колнеа врз револверот и камата дека животот ќе го положат за слободата на Македонија. Примерот на илинденците го следеа борците во Народноослободителната и на антифашистичка борба кои во 1944 година се изборија за вториот Илинден, за вториот завет, склучен на првото заседание на АСНОМ. Тоа беше завет со кој беа удрени темелите на првата слободна и демократска македонска држава. Но, тој завет беше прекршен од оние чија претстава за Македонија беше создадена за други потреби и за туѓи интереси – рече Иванов.

Оваа година, која, според претседателот на државата требало да биде пресвртница и нов почеток, „продолживме да тонеме сè подлабоко во калта на реваншизмот и меѓусебните обвинувања“.

– Општеството, економијата, медиумите, културата, уметноста, спортот… станаа заложници на политичка криза во која секоја страна ги гледа грешките на противникот, но е слепа за сопствените грешки – истакна Иванов.

Тој посочи дека на изборите на 11 декември не е важно кој ќе освои најмногу гласови и кој ќе владее до следните избори, туку поважно е како ќе мине предизборниот и изборниот процес.

– Најважно од сè е она што ќе следува по изборите, по 11 декември. Изгубивме многу скапоцено време. Овие избори се шанса да ја завршиме оваа горка страница исполнета со неизвесност и да свртиме нова страница. Новата влада ќе има голема задача, на повеќе полиња. Во услови на блокирани европски и евроатлантски интеграции, неопходно е Македонија да направи стратегиско свртување кон внатре. Што значи тоа? Ако Европската Унија нема волја да ги почне преговорите за членство и да ги отвори поглавјата за Македонија, тогаш ние самите треба да си ги отвориме 34 поглавја, и ние самите треба да си ги исполниме критериумите за членство во Унијата. Неопходно е да ги зацврстуваме институциите, да го реформираме судството, образованието, да ја унапредуваме економијата. На тој начин, ќе ги отстраниме или барем ќе ги минимизираме последиците од блокадите. Затоа, неопходно ни е стратегиско свртување кон внатре. Сами да се менуваме, на подобро – рече Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...