„Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес” на 19-та меѓународна конференција е-Општество.мк

Говорниците на оваа сесија ќе ги истражат повеќеслојните предизвици што ги носи напливот на дезинформациите за време на изборите, испитувајќи го нивниот потенцијал за нарушување на довербата на јавноста, манипулирање со перцепциите на гласачите и поткопување на самите основи на изборниот интегритет

Во рамки на 19-то издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ на тема „Вештачка интелигенција и човекови права: Потрага по вистинскиот баланс помеѓу иновација и одговорност” која Фондација Метаморфозис ја организира на 19-ти декември 2023 во Хотел Мериот Скопје (сала Ballroom I), втората панел дискусија ќе се фокусира на Дезинформации на стероиди: Закана за интегритетот на изборниот процес.

Оваа сесија го истражува влијанието на напливот на дезинформации како закана за интегритетот на изборниот процес. Говорниците на оваа сесија ќе ги истражат повеќеслојните предизвици што ги носи напливот на дезинформациите за време на изборите, испитувајќи го нивниот потенцијал за нарушување на довербата на јавноста, манипулирање со перцепциите на гласачите и поткопување на самите основи на изборниот интегритет.

Говорници:
– Јан Цингел, основач и претседател на “Strategic analysis” (Словачка)
– Бојана Костиќ, истражувачка и застапничка за дигитални права (Холандија) (онлајн)
– Фитим Гаши, координатор на проекти за дезинформации, Сбункер (Косово)

 

Повеќе информации за конференцијата има на следниот линк: https://tinyurl.com/bde9d2dy

Сите заинтересирани да учествуваат треба да се регистрираат на следниот линк не подоцна од 14-ти декемвриhttps://tinyurl.com/3vnp6nnk.