fbpx

Бејли: Идната влада и опозицијата да работат конструктивно во спроведување на реформите

-

Американската амбасада ги поздрави прелиминарните заклучоци на ОБСЕ дека фундаменталните права на изборите генерално биле почитувани, излезеноста била голема, а изборите биле спроведени на мирен и регуларен начин со неколку случаи на неправилности.

– Ние ја истакнавме загриженоста на набљудувачките тимови за административните подготовки на изборите и ја повикуваме следната влада да работи на подобрување на капацитетите на ДИК и да ги реши структурните и правните проблеми со избирачкиот список. Изборите на 11 декември беа првиот важен чекор за придвижување на Македонија кон излез од политичката криза. Ги охрабруваме политичките партии кои ќе ја формираат идната влада да работат конструктивно со опозицијата за спроведување на реформите што ќе го продлабочат процесот за евроатлантските интеграции, особено на реформите кои се однесуваат на владеењето на правото – истакна американскиот амбасадор Џес Бејли на прес-конференцијата во амбасатата на САД.

Тој додаде дека САД и меѓународната заедница ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија и ќе бидат нејзин партнер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...