fbpx

До пладне излезноста на изборите во Србија била 21,3 отсто, констатирани се и неправилности

Како што информира „Н1“, набљудувачите на Центарот за слободни избори на демократијата, забележале 70 нерегуларности на избирачките места во периодот од 9 до 11 часот

-

Денеска во Србија се одржуваат парламентарни и покраински избори, како и избори за советници во 65 локални самоуправи, меѓу кои и Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, избирачките места биле отворени во 7 часот, а се затвораат вечерва во 20 часот. До пладне, своето право на глас го оствариле 21,3 отсто од граѓаните.

Како што информира „Н1“, набљудувачите на Центарот за слободни избори на демократијата, забележале 70 нерегуларности на избирачките места во периодот од 9 до 11 часот. Забележано било дека гласачите фотографираат гласачки ливчиња и ставале гласачки ливчиња во погрешни кутии. Тие забележале и процедурални грешки на членовите на избирачките одбори и присуство на пропаганден материјал на избирачките места.

Н1 информира и за напад на набљудувачи на српскиот Центар за истражување, транспарентност и одговорност, во кој било оштетено и нивното возило.

Право на глас имаат 6.500.666 гласачи, а во Белград 1.613.369 гласачи, а на покраинските избори 1.669.791 гласач. Граѓаните ќе можат да избираат од 18 листи на републичко ниво, од 14 на ниво на Белград, а 13 изборни листи се кандидирале за покраинските избори.

За да го оствари своето право, избирачот мора да има важечка лична карта или пасош. Како што соопштуваат српските медиуми, на некои избирачки места се чека и по еден час, за да можат граѓаните да го остварат своето избирачко право.

Инаку, први кои поднесоа изборна листа е коалицијата на владејачката Српска напредна странка (СНС), партијата на претседателот Александар Вучиќ. Кандидат за градоначалник на Белград од оваа партија ќе биде досегашниот градоначалник Александар Шапиќ.

„Самиот претседател не се кандидира на изборите – тој го доби вториот мандат минатата година. Но, сè се врти околу него. Секоја изборна листа на СНС, дури и во најмалото село, го носи неговото име. Белградскиот неделник „Време“ го опишува Вучиќ како „крал на просјаците“ – тој се претставува како човек од народот кој дели пари, а освен тоа гради патишта и железнички линии и отвора работни места. Обвинувањата на опозицијата гласат дека Вучиќ управува со балканската земја со железна рака и маневрирање меѓу ЕУ, Русија и Кина“, пишува во анализата на Дојче Веле за претстојните избори во Србија.

Според анализата, анкетите покажуваат дека СНС е во предност спроти гласањето. Дури и ако партијата веројатно нема да оствари убедлива победа, тоа треба да биде доволно да се продолжи со коалицијата со социјалистите и помалите партнери.

Широката проевропска коалиција „Србија против насилството“ сака да го достигне второто место. Таа се изроди за време на масовните протести по двете масовни убиства во мај 2023 година кои длабоко ја шокираа земјата. Оваа коалиција го обвинува Вучиќ и неговите медиуми дека преку одвратни реални шоуа, сеат атмосфера на насилство, вклучително и навреди кон опозицијата. Дел од анкетите покажуваат и декаопозициската коалиција „Србија против насилството“, има големи шанси да победи на локалните избори во Белград.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...