fbpx

Мијалков спроведен во Кривичен суд за делото „Титаник 2“

-

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, денеска беше спроведен од затворот во Струга, во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“. Рочиштето беше закажано за 22 декември, но заради техничка грешка во комуникацијата на судот со затворот, Мијалков не беше спроведен. Тој се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности во 2013 година. За околу четири месеци ова дело ќе застари.

Судиите што го водат процесот „Титаник 2“, предмет во кој покрај Мијалков, обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, го одложија судењето со образложение дека Мијалков не е спроведен иако има повратница дека таму стасала судската покана.

Според обвинението на СЈО Мијалков нарачал преку лидерот на ДПА Мендух Тачи, да му наложи на сопартиецот од ДИК Бедредин Ибраими да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, а на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...