вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: затвор Идризово | 27 резултати

Запален службениот автомобил на директорот на затворот Идризово

15 мај 2024

Утрово околу 3 часот и 30 минути по полноќ, во полициската станица во скопската општина Кисела Вода било пријавено дека е опожарено паркирано возило во сопственост на затворот Идризово, кое го користел директорот на установата Зоран Јовановски. Од пожарот, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), бил зафатен дел од фасада на зграда, […]

Кризната состојба не ја прогласи Пендаровски, а војската не е дел од затворската чуварска служба

11 април 2024

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборната единица 3, Драган Ковачки неточно тврди дека по наредба на претседателот Пендаровски е прогласена кризна состојба, а дека војници и старешини ни ги чуваат затворениците. Кризната состојба не ја прогласи Пендаровски, туку тоа го направи Владата, а по истекот на 30 дена таа […]

Професионален војник осомничен за доставување телефони на затвореници во „Идризово“

2 февруари 2024

Обвинителството поведе постапка против 23-годишник, вработен во Армијата на Северна Македонија кој го обезбедувал затворот „Идризово“, под сомнеж дека ја злоупотребил службената положба бидејќи за затворениците обезбедил 10 мобилни телефони, информираа истражните органи. За вработениот во Армијата обвинителството бара да му се определи мерка притвор. Настанот, според МВР, се случил вчера, кога полициски службеник за […]

Јанкулоска по три години во затвор, пуштена е на слобода

1 ноември 2023

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од денеска е на слобода. Таа го напушти затворот Идризово, каде што отслужуваше затворска казна на четири години за случајот „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот мерцедес на Владата. Таа доби условен отпуст и казната ѝ беше скратена за една година. Пробациска канцеларија ќе го следи условниот отпуст […]

Лога го брани Законот за амнестија: На пратениците ќе им донесам албум од „Идризово“, да видат како е таму

28 септември 2023

Вкупно 286 затвореници осудени до 6 месеци затвор ќе излезат на слобода, а на уште 996 затвореници ќе им се намали затворската казна ако се усвои Законот за амнестија што го предлага министерот за правда Кренар Лога за растеретување на затворите, а кој го помина првиот владин филтер. Тој на денешниот брифинг со новинарите рече […]

Законот за амнестија оди во Собрание – ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешките дела

26 септември 2023

Владата на денешната седница даде зелено светло за Законот за амнестија и тој ќе биде доставен до Собранието. На претходната седница овој закон беше вратен на усогласување, со цел да се регулира статусот на македонските државјани осудени во странство, кои казната ја издржуваат во земјава. Законот го предложи министерот за правда Кренар Лога, а неговото […]

Закон за амнестија: Од затвор ќе излезат 250 осуденици, а на ред чекаат да влезат 2.000 нови

23 септември 2023

„Се срамам што сум премиер на земја во која има затвори со нехумани и супстандардни услови под секое човечко достоинство. Преку владината камера која влезе и сними внатре сѐ, ќе се обидеме преку вас медиумите, да ја поттикнеме дебатата во општеството овие услови под итно да се подобрат“, рече премиерот Зоран Заев во 2017 година, […]

Лога во Идризово: Условите се мизерни, потребна е итна амнестија

14 септември 2023

Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност, затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови. Вака министерот за правда Кренар Лога ги опиша условите во затворот „Идризово“, со образложение дека е итно потребна амнестија, односно усвојување на предлог-законот за амнестија, кој овозможува ослободување и […]

Тројца затвореници избегале од Идризово, полицијата ги нашла осум часа подоцна и ги вратила

11 август 2023

Вчера изутрина околу 9 часот тројца затвореници побегнале од казнено – поправната установа, затворот „Идризово“ каде што издржувале казна затвор за различни дела. Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција ги лишиле од слобода тројцата затвореници, И.Ј.(36), Е.Д.(36) и М.Р.(37), сите од с.Студеничани, скопско, околу 16.45 часот, […]

Народен правобранител: Во 14 квадрати во „Идризово“ спијат по 15 лица, во психијатриските установи се користат синџири и кожни ремени

26 јуни 2023

Стравотни наоди претстави Народниот правобранител за состојбата на психијатриските установи каде што осуденици ги отслужуваат затворските казни, но и во затворските установи во земјава. Во фокусот на постапувањето на Националниот превентивен механизам биле психијатриските установи „Скопје“ во Бардовци и болницата во Демир Хисар, каде што во текот на 2022 година биле извршени две посети. Народниот […]

Жените-затворенички ќе ги добијат истите права како мажите во „Идризово“

12 мај 2023

Министерството за правда информираше дека се подготвени измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи. Со измените е предвидено доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години, да може да ги користи погодностите во согласност […]

Претрес во Идризово: Пронајдени мобилни телефони, таблет и прашкаста материја

20 февруари 2023

Во затворот Идризово во акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, бил извршен претрес со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор. Од МВР известуваат дека постапувајќи […]

Затвореник од „Идризово“ 7 месеци по телефон глумел директор: Измамил 7 лица за над 5.100 евра

2 април 2021

Затвореник од скопскиот затвор „Идризово“ седум месеци преку мобилен телефон се јавувал на различни лица, лажно се претставувал како директор и успеал да измами седум лица и да причини материјална штета од околу 315.000 денари (над 5.100 евра), информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(34) од Скопје, поради […]

Тешките кривични дела во иднина ќе можат да се судат и во новата судница во затворот „Идризово“

21 мај 2020

Со поддршка на Европската Унија во рамките на ИПА акциската програма „Поддршка на Секторот Правда“, изградена е најголемата судница во државата во склоп на скопскиот затвор „Идризово“. Новиот дел од затворот се простира на 1.000 метри квадратни и има капацитет за вкупно околу 120 лица, информираат од Министерството за правда. Во посета на новата судница […]

Уапсен бегалец од „Идризово“ кој за неколку месеци извршил десет кривични дела

9 ноември 2017

Екипи на СВР Куманово во координација со Централните полициски служби на МВР, вчера попладне го уапсиле 39-годишниот О.М. од Куманово, кој се барал со потерница поради бегство од затворот „Идризово“. Уапсениот О.М., како што соопштија денеска од МВР, подолг период бил во бегство, а претходно издржувал затворска казна од 20 години поради убиство и трговија […]

Заев се засрамил од условите во затворот „Идризово“ и најави закон за амнестија

11 септември 2017

Срам ми е што сум премиер на држава со вакви затвори, изјави премиерот Зоран Заев по денешната посета на затворот „Идризово“. Заев ја посети казнено-поправната установа заедно со народниот правобранител, Иџет Мемети, и со извршната директорка на на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска. Заев не го криеше разочарувањето од условите во затворот. – […]

Омбудсманот бара итно затворање на приемното одделение во „Идризово“ поради нехумани услови

18 јули 2017

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска ги повика Министерството за правда и Управата за извршување на санкции итно да го затворат приемното одделение во затворот „Идризово“, поради нехуманите и деградирачки услови за престој на осудените лица. Мемети, кој денеска го презентираше годишниот извештај за работата на канцеларијата на Народниот правобранител, рече дека во македонските затвори има […]

Не се одржа најавениот протест на затворениците и на нивни роднини

5 мај 2016

Протестот на затворениците во казнено-поправните установи во земјава, кој беше најавуван за денеска, не се одржа, а пред ниту еден затвор не се појавија роднини на осудените, кои преку социјалните мрежи го најавуваа големиот протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници. „Нема протести во затворот „Идризово“, ниту […]

Пејковски: Судијата од „Ровер“ се меша во работењето на затворот

8 април 2016

Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски, денеска преку соопштение реагира дека судијата што го води предметот за случајот „Ровер“, Илија Трпков, во кој еден од обвинетите е и Љубе Бошкоски, излегува од своите надлежности и „директно се меша во работењето на затворската управа“. На денешото рочиште, судијата Трпков рече дека нема никакви законски пречки Бошкоски предвреме […]

Кривичен суд: Нема законски пречки Бошкоски порано да излезе од затвор

8 април 2016

Не постојат законски пречки за Љубе Бошкоски да излезе од затворот „Идризово“ три месеци пред истекот на петгодишната казна за случајот „Кампања“, рече денеска судијата Илија Трпков, кој го суди предметот „Ровер“ во кој еден од обвинетите е Бошкоски. Како што пренесува „Академик“, одбраната на Бошкоски уште во февруари годинава го испратила барањето до управата […]

Страна 1 од 2