fbpx

Омбудсманот бара итно затворање на приемното одделение во „Идризово“ поради нехумани услови

-

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска ги повика Министерството за правда и Управата за извршување на санкции итно да го затворат приемното одделение во затворот „Идризово“, поради нехуманите и деградирачки услови за престој на осудените лица.

Мемети, кој денеска го презентираше годишниот извештај за работата на канцеларијата на Народниот правобранител, рече дека во македонските затвори има сериозна појава на корупција.

– Информациите ги добивме од осудениците, но неформално потврдија и вработените. Во нашите затвори се продаваат кревети, мобилни телефони, па дури и дрога. Место програма за одвикнување, имаме информација дека во затворите се регрутираат нови корисници на дрога – рече Мемети, пренесува „Сакам да кажам“.

Омбудсманот посочи дека бараат затворање на применото одделение на затворот „Идризово“ бидејќи при нивната посета во мал и руиниран простор затекнале 80 осуденици.

– Во ова одделение има три соби, ходник и еден тоалет. Приемното одделение е пренатрупано, па луѓето спијат на картони и на душеци во самиот ходник. Просториите се со мувла, тече од таванот, а прозорците се искршени. Сите го користат единствениот тоалет, кој е руиниран, а во него го чуваат и приборот за јадење – рече Мемети, додавајќи дека во приемното одделение осуденици остануваат и по два месеци, освен тие што можат да платат за побргу да ги распределат во одделенијата.

Како што нагласи Мемети, уште полоша е состојбата во амбулантното одделение, кое исто така е руинирамо, со влага, мувла и со инсекти насекаде.

– Нема доволно кревети, па болните одуденици може да изберат или да спијат на под или на кревет, но само со пружина, оти нема душеци – рече омбудсманот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...