fbpx

Не се одржа најавениот протест на затворениците и на нивни роднини

-

Протестот на затворениците во казнено-поправните установи во земјава, кој беше најавуван за денеска, не се одржа, а пред ниту еден затвор не се појавија роднини на осудените, кои преку социјалните мрежи го најавуваа големиот протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари и на нивни соработници.

„Нема протести во затворот „Идризово“, ниту друг вид на изразување незадоволство од страна на осудените лица. За жал, дел од медиумите непотребно направија вест од ова“, изјавил директорот на „Идризово“, Живко Пејковски, за „Академик“.

Пејковски вели дека заедно со претставници од канцеларијата на Народниот правобранител направиле обиколка во сите одделенија во затворот, при што било констатирано дека затворениците не протестираат.

Од канцеларијата на Народниот правобранител информираат дека нивни тимови посетиле 11 казнено-поправни установи, односно осум затвори и три воспитно-поправни установи, и потврдуваат дека досега во затворите во Струмица, Битола, Струга, Охрид, Тетово, Куманово и во женското одделение во затворот „Идризово“ немало протест на затворениците.

Тие редовно ги земале оброците и не бил забележан штрајк со глад.

Речиси 2.000 затвореници од машкото и од женското одделение на затворот „Идризово“, како и од штипскиот затвор, доставија потпишани списоци и заедничко барање до адвокатите Звонко Давидовиќ и Душко Јанковиќ, со кое бараа помилување од претседателот на државата. Затворениците бараат казните да им бидат намалени за 30 отсто, а осудените на доживотен затвор да добијат казна од 15 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...