fbpx

Стратегијата за развој на правосудството се најде на хартија, имплементацијата неизвесна

Aкадемикот Владо Камбовски ја предводеше работната група при Министерството за правда во изготвувањето на Развојна секторска стратегија за правосудството и тој ги претстави клучните сегменти од овој документ

-

Судството и јавното обвинителство, капацитетите на посебните институции на правосудниот систем, индивидуалните професии и jавни служби, Уставниот суд и специфичните правни области (кривична и граѓанска материја) се петте клучни приоритетни области релевантни за функционирање на правосудството вклучени во Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028 што денеска ја презентираше Министерството за правда.

Aкадемикот Владо Камбовски ја предводеше работната група при Министерството за правда во изготвувањето на Развојна секторска стратегија за правосудството и тој ги претстави клучните сегменти од овој документ.

„На овој развој на судството лежи нашата иднина. Судбината на републиката, затоа што ние нема да можеме да чекориме ни еден чекор напред ако не го етаблираме начелото на владеење на правото како основно начело. Не само на државното уредување, туку како стил на живот, како начело кое влегува во сите пори“, рече Камбовски.

На стратегијата се работело од септември минатата година и во нејзино изготвување биле вклучени сите засегнати страни.

Како почетна основа земена предвид претходната Стратегија за реформа во правосудниот систем (2017-2022), извештаите на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија, како и сите досегашни извештаи кои биле изготвени во рамки на тековните проекти од ИПА.

Во првата приоритетна област треба да следува измена на Законот за Судски совет, измена на Законот за Совет на јавни обвинители, како и измена на Закон за судови и Закон за јавно обвинителство.

Ќе се прецизира постапката за избор на јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција како и зајакнување на законските гаранции за независно и самостојно располагање (управување) со судскиот буџет.

Понатаму, предвидено е да се создаде ефективен систем за исплата на досуден паричен надоместок за долго траење на постапките, утврдени од Европскиот суд за човекови права и Врховниот суд на РСМ, како и донесување на ИКТ стратегија за правосудниот систем 2024 -2028.

Предвидено е и преиспитување на сегашните надлежности на Државното правобранителство во насока на зголемување на неговите надлежности во заштитата на државниот имот и интереси и учество во постапките пред судовите во кои е засегнат државниот имот и државните интереси.

Третата приоритетна област опфаќа унапредување на институционалната рамка за вршење на адвокатската дејност, зголемување на ефикасноста, дигитализацијата и одговорноста на извршителите, воспоставување на предуслови за зголемување на ефикасноста на работата на нотарите во гарантирање на правна сигурност и зголемување на употребата на медијација во решавањето на спорови.

Уставниот суд на Република Северна Македонија е опфатен во четвртата приоритетна област, каде што е воведен институтот „уставна жалба“.

Се предвидува и донесување на нов Закон за кривична постапка со цел усогласување со релевантните директиви на ЕУ и надминување на проблеми кои се појавија во практиката, реформиран систем за правда за децата во согласност со меѓународни стандарди, регулирање на меѓународната соработка во кривичната материја со земјите-членки на ЕУ итн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...