ЈСП: Билетите за бесплатен превоз за 2024 мора да се продолжат

Процедурите за заверка се вршат во сите центри за персонализација на ЈСП-Скопје

Фото: Архива на „Мета“

ЈСП-Скопје ги потсетува возрасните лица кои се корисници на бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, да ги заверат билетите за наредната година, ако сакаат да го користат правото на бесплатно возење во посочените денови и во 2024 година.

Од ЈСП информираат дека процедурата се врши во било кој центар за персонализација, со лично присуство и лична карта на увид.

Истовремено, од ЈСП ги потсетуваат и корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека е неопходно да го заверат билетот за 2024 година.

Оваа процедура се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа (не постара од 30 дена), оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.

На студентите/бруцоши од студентската 2023/2024 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година, информираат од ЈСП Скопје.