Екстрадицијата на Палевски може да трае со месеци, ќе има право на жалба на секоја одлука

Турција дневно прима над 100 барања за екстрадиции, со оглед на тоа што се граничи со Сирија. Па така, Палевски е само едно од барањата кое треба да биде ставено на дневен ред

-

Не може наскоро да се очекува екстрадиција на Љупчо Палевски од Турција во Македонија, односно треба да завршат сите процедури кои нему му стојат на располагање. На секоја можна одлука од турските органи, Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, може да поднесува жалба. Со ова, процесот на екстрадиција може да се одолговлекува со месеци и месеци, неизвесно до кога.

Ова беше соопштено на денешниот брифинг со новинарите со Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда. Од секторот велат дека кога станува збор за нашата држава, сè што требало да се заврши во рок од 40 дена (колку што е и траењето на екстрадицискиот притвор), кај нас било направено за помалку од два дена – примање на списите од надлежните институции, изготвувањето на барањето за екстрадиција, превод на документите на турски јазик и праќање на барањето за екстрадиција. Турција во текот на процесот може да побара дополнителна документација, но тоа е сè – државата не е должна да го известува македонското Министерството за правда до каде е постапката за екстрадиција.

Единствен можен начин за да се скрати оваа постапка, е одредено лице уапсено во друга држава, е да прифати да биде предадено. Но, тоа се случува најчесто веднаш по апсењето, што значи дека Палевски не прифатил да биде предаден на македонските истражни органи, односно дека ќе ја води постапката докрај. Непознато е дали тој самиот ангажирал адвокат, но во секој случај, нему во Турција му следува адвокат по службена должност.

Во Турција Палевски е само еден од стотина за кои дневно се бара екстрадиција

Од македонското Министерство за правда не очекуваат никакви проблеми во текот на постапката, кога станува збор за билатералните договори и односи меѓу Македонија и Турција.

Сепак, како што соопштија од Секторот за меѓународна правна помош, државава нема многу искуства во однос на екстрадиции со Турција, односно досега сме имале само една до две екстрадиции. Најчеста држава каде што бегаат осомничените, обвинети или осудени лица од земјава е Германија.

Од друга страна, Турција дневно прима над 100 барања за екстрадиции, со оглед на тоа што се граничи со Сирија. Па така, Палевски е само едно од барањата кое треба да биде ставено на дневен ред.

Од Секторот за меѓународна правна помош не знаеја да одговорат дали воопшто во Турција има рок за постапување по извесно барање за екстрадиција. Во Германија, на пример, таков рок нема, па пребеганото лице може да остане во државата со години. Во земјава, рокот е 180 дена, кој, како што рекоа од Министерството за правда, е исклучително краток.

Иако ова поле е покриено со над 80 закони, прописи и конвенции, сепак, постапката во секоја држава за екстрадиција е различно.

„Што е до нас, правно гледано, овој предмет е чист, од нас постапката е завршена и претставува школски пример за брзо завршување на едно барање за екстрадиција“, велат од Министерството.

Што се однесува до тоа дали е можно Палевски да побара азил во Турција, од Министерството велат дека тоа најчесто се прави кога лицето ќе влезе во државата, а не откако ќе биде уапсено со потерница.

Каква е процедурата во турското законодавство?

Мета.мк стапи во контакт со турски проверувачи на факти, кои подетално ни го разјаснија турскиот систем за екстрадиција. Па така, едно лице може да биде привремено задржано во екстрадициски притвор најмногу 40 дена (додека да се добие барањето за екстрадиција, што во случајов е веќе направено од македонска страна).

Потоа следува евалуација на барањето за екстрадиција од страна на првостепениот суд, процес кој може да потрае и подолго, а притворот понатаму може да се продолжува.

„Вкупното времетраење на притворот не може да го надмине периодот потребен за извршување на казната изречена или што треба да се изрече за предметното кривично дело“, велат нашите извори.

Против одлуката на судот може да се поднесе жалба. Касациониот суд (највисоката судска инстанца во Турција) треба да постапи по жалбата во рок од три месеци.

Понатаму, спроведувањето на одлука е предмет на мислење на министерствата за надворешни работи и за внатрешни работи, а потребно е и одобрение од претседателот.

За двојното убиство осомничени се шест лица, од кој првоосомничениот, Љупчо Палевски Палчо избега од државата на 30 ноември, три дена по убиството на Вања Ѓорчевска.

Тој замина за Србија, а потоа преку Бугарија за Турција, каде што и беше уапсен. Нему му беше одреден 40-дневен екстрадициски притвор во Турција.

Палевски се сомничи за грабнување и за убиство на свиреп начин.

Во истражниот затвор во Шутка во моментов се Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје и чии искази ги доведоа истражните органи до местата каде што се закопани телата на Ѓорчевска и на Жежовски. Во притвор е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации за движењето на неговата ќерка, како и Стефан Димковски, пријателот на Палевски кој го возел од Србија до Турција.

Петмина од шесте осомничени, Палевски, Манев, Кешишов, Видевски и Димковски, се од партијата „Десна“, која најавуваше учество на претстојните избори во земјава.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Обвинителен акт сè уште не е поднесен.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...