fbpx

Турската опозициска партија победи на локалните избори

ЦХП обезбеди контрола на широк дел од западна Турција и победи во поконзервативните региони покрај Црното Море и централна Анадолија, области кои традиционално се сметаат за непријателски настроени кон нејзината политика

-

Турската опозициска партија извојува победа на локалните избори во однос на Реџеп Таип Ердоган. Екрем Имамоглу обезбеди неочекуван втор мандат како градоначалник на Истанбул, придвижувајќи ја Републиканската народна партија (ЦХП) во центарот на националната политика.

Главната турска опозициска партија, вчера му зададе неочекуван удар на владеењето на Ердоган со убедлива победа на локалните избори, задржувајќи ја контролата врз големите градови, вклучувајќи ги главниот град Анкара и Истанбул, каде Имамоглу обезбеди втор мандат како градоначалник.

„Драги мои Истанбулци, денес ја отворивте вратата за нова иднина“, им рече Имамоглу на пресреќните приврзаници на неговата партија кога прогласуваше победа.

„Од утре Турција ќе биде поинаква Турција. Ја отворивте вратата за подемот на демократијата, еднаквоста и слободата“, рече тој.

Поволниот одѕив продолжи во корист на опозицијата како што изминуваше ноќта, а ЦХП обезбеди контрола на широк дел од западна Турција и постигна победи во поконзервативните региони покрај Црното Море и централна Анадолија, области кои традиционално се сметаат за непријателски настроени кон нејзината политика.

„Овие изборни резултати покажуваат дека гласачите одлучија да воспостават нова политика во Турција“, рече шефот на ЦХП, Озгур Озел, обраќајќи и се на јавноста со солзи во очите.

Ердоган беше во првите редови во кампањата на неговата партија со цел повторно да го заземе Истанбул. Митинзи имаше во градот една недела пред гласањето, а тој присуствуваше на молитва во џамијата Аја Софија во Истанбул, ноќта пред гласањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...