fbpx

Мицкоски се закани со напуштање на Собранието, му одговорија од Министерство за правда

Од Министерството за правда демантираат дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се закани дека пратениците од оваа партија ќе го напуштат Собранието на РСМ доколку власта стави европско знаменце на Законот за амнестија. Мицкоски рече дека ќе го блокираат донесувањето на ова законско решение, кое е за амнестија на криминалци. Очекувањето е опозицијата да достави голем број амандмани на Законот за амнестија, но доколку тој добие европско знаменце, тогаш пратениците од опозицијата ќе го напуштат законодавниот дом.

„Ќе ве потсетам ако се сеќавате велеа „нема правда нема мир“, ветуваа дека ќе се дознаела вистината за убиството за Смилковското Езеро, организираа протести, заведуваа народ, ги лажеа родителите на настраданите, за сега истите тие да се борат за нивната слобода. Да излезат тие и стотици други кои правеле разбојништва, кражби, перење на пари и слично. Ова се последните очајни крици на власта“, изјави Христијан Мицкоски.

Од Министерството за правда на Мицкоски му одговорија дека неговите тврдења се неосновани, демантирајќи дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце.

„Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони“, стои во соопштението на Министерството за правда.

Од таму порачуваат ВМРО-ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот ден за сите детали.

„Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО ДПМНЕ. Колку и да сака ВМРО ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема да има“, појаснуваат од Министерството за правда.

Во однос на најавите за напуштање на парламентот и напуштање на мандатите од страна на пратниците на ВМРО ДПМНе, од Министерството за правда иронично велат дека тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава.

„Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна“, велат од Министерството за правда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...