fbpx

Министрите на Словенија, Хрватска и Австрија со порака за побрзо членство на Западен Балкан во ЕУ

Во статијата со наслов „Недовршената ЕУ: интегрирање на Западен Балкан како геостратешки императив“, тројцата министри напоменуваат дека и по 20 години ветување, Западниот Балкан не е приклучен на ЕУ

-

Порака за побрзо членство на Западен Балкан во ЕУ денеска испратија три земји-членки во заедничката статија на словенечкиот министер за надворешни работи и европски работи Тања Фијон, хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Радман Грлиќ и австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг.

Во статијата со наслов „Недовршената ЕУ: интегрирање на Западен Балкан како геостратешки императив“, тројцата министри напоменуваат дека и по 20 години ветување, Западниот Балкан не е приклучен на ЕУ. Понекогаш дури се чини дека членството во ЕУ стана помалку атрактивно за регионот отколку пред две децении.

„Од руската агресивна војна против Украина, членството во ЕУ стана уште поатрактивна цел за земјите од источното партнерство – Украина, Молдавија и Грузија. Во исто време, земјите од Западен Балкан се соочуваат со невидени предизвици за нивната стабилност, како и со засилени надворешнополитички дилеми. Сепак, постои и зголемена свест за нов прозорец на можности за проширување, зголемувајќи ги очекувањата во однос на ЕУ“, се наведува во статијата.

Во статијата се наведува дека сегашната ситуација е можност и за Европската Унија и за Западен Балкан да покажат поголема стратешка предвидливост, целосно да го вратат својот кредибилитет при проширувањето и да ја зајакнат меѓусебната доверба, од која некои беа изгубени со текот на годините.

Притоа, тројцата министри велат ЕУ треба да ги отвори преговорите за пристапување во ЕУ на Босна и Херцеговина до крајот на годинава. Црна Горан мора да го продолжи реформскиот пат кон ЕУ, кој зависи од формирањето на новата влада. Преговорите со Албанија и Северна Македонија треба да напредуваат, при што за Северна Македонија следните чекори да зависат од способноста земјата да ги донесе потребните уставни измени.

„Последниот случај е потсетник дека земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан треба да играат одговорна улога и да се воздржат од вметнување билатерални проблеми и спорови, кои не се поврзани со процесот на пристапување“, се наведува во статијата на тројцата министри на Словенија, Хрватска и Австрија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...