fbpx

Предлог-закон за амнестија: За да се растеретат затворите, ќе се кратат казните за 30%

Министерството за правда предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат, а осудените лица на кои им е изречена повисока казна да се ослободуваат од издржување на 30 проценти од казната. За тешки кривични дела не е предвидена амнестија

-

Министерството за правда го подготви предлог-Законот за амнестија со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела, а се очекува тој да биде усвоен на наредната седница на Влада.

„Предлог законот беше доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собрание кои треба да дадат свои забелешки и сугестии. Целта е да се овозможи растеретување во казнено поправните установи, со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа“, велат од Министерството за правда.

Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од казната изречена со правосилна пресуда.

Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, несовесно работење во службата од член 353-в, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово -базирано насилство.

Освен овие дела, амнестијата не се однесува за кривични дела „Разбојништво”,  „Измама на штета на средства на Европската Унија”, „Перење пари“, „Примање поткуп”, „Давање поткуп” и „Давање награда за противзаконито влијание”.

Амнестијата, според предлог-законот, не се однесува на лицата кои делата што се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година и на лица кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Северна Македонија. Освен тоа, амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...