вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: предлог-закон | 94 резултати

Грција на пат кон воведување гласање на дијаспората на парламентарните и европските избори

23 јануари 2024

Министерката за внатрешни работи на Грција, Ники Керамеус, поднесе предлог за амандман на законот за гласање преку пошта со кој се предвидува Грците надвор од границите на земјата да гласаат на изборите за националниот и за Европскиот парламент, јави грчки „Екатимерини“. Тоа практично значи дека ако се изгласа во грчкиот парламент, и Грците од дијаспората […]

Со закон се предлага децата-жртви на насилство да имаат можност за обесштетување

12 декември 2023

Со текстот на Предлог-законот за правда за децата, кој беше утврден на владина седница, за првпат децата-жртви ќе имаат можност на право за обештетување. Од Министерството за правда соопштуваат дека со членот 151 од овој закон, се утврдува дека заради обесштетување на дете кое е жртва или е оштетено со дејствие кое со закон е […]

Закон за амнестија: Од затвор ќе излезат 250 осуденици, а на ред чекаат да влезат 2.000 нови

23 септември 2023

„Се срамам што сум премиер на земја во која има затвори со нехумани и супстандардни услови под секое човечко достоинство. Преку владината камера која влезе и сними внатре сѐ, ќе се обидеме преку вас медиумите, да ја поттикнеме дебатата во општеството овие услови под итно да се подобрат“, рече премиерот Зоран Заев во 2017 година, […]

Ако се изгласа законот, сите со бугарски пасоши од Македонија ќе бидат јавно објавени

22 септември 2023

Бугарскиот парламент наскоро во второ читање ќе го разгледува предлог-законот за бугарско државјанство, кој, ако биде изгласан по третото читање, ќе овозможи сите иматели на бугарски пасош и бугарско државјанство да бидат јавно објавени. Тоа значи дека сите граѓани на Северна Македонија или пак иматели што работат надвор од земјава со бугарски пасош, ќе бидат […]

Предлог-закон за амнестија: За да се растеретат затворите, ќе се кратат казните за 30%

13 септември 2023

Министерството за правда го подготви предлог-Законот за амнестија со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела, а се очекува тој да биде усвоен на наредната седница на Влада. „Предлог законот беше доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собрание кои треба да дадат свои забелешки и сугестии. Целта […]

Владата го подготви зголемувањето на платите во јавниот сектор и на пензиите

7 септември 2023

На 183-та седница, Владата го утврдила предлог-законот со кој ќе се изврши зголемување од 10 отсто на платите во јавниот сектор и на пензиите, со важност од овој месец, соопшти владината Служба за информирање. Утврден е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 […]

На повидок нова давачка, Владата повторно во игра го става Законот за солидарност

12 јули 2023

Владата на вчерашната седница го утврдила текстот на Предлог-законот за данокот на солидарност, информираат од владината прес служба. Преку плаќањето на овој вид т.н. данок на екстра профит, компаниите кои во услови на криза оствариле вишок профит, пропорционално ќе придонесат за ублажување на последиците од кризата. Целта на овој Предлог-закон, како што информира Министерството за […]

Објаснувањето на Груби за европското знаменце на законите за автопатите е контрадикторно

9 мај 2023

Не постои никаква логика европското знаменце да биде ставено затоа што ЕУ ги вброила коридорите 8 и 10 во геостратешки коридори. Впрочем и Делегацијата на ЕУ кажа дека не мисли така. Освен тоа, и самото наведување дека цената ќе била поевтина со измените е дискутабилно, зашто договорот нема превидено точна цена на изградба, пишува „Вистиномер“ […]

Законот за субвенциониран студентски оброк ќе се носи по скратена постапка – што предвидуваат измените?

19 април 2023

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк да се донесе по скратена постапка, одлучија пратениците на денешната собраниска седница. Пратеничката Моника Зајкова, која е една од предлагачите на законот, појасни дека со предлогот се предвидува дневниот износ на оваа субвенција да се зголеми почнувајќи од април. Од септември пак, треба да […]

Собранието во прва фаза ги усвои законските измени за изградба на автопатите

10 април 2023

Предложените измени и дополнувања на осум закони денеска ја поминаа првата фаза на читање во Собранието. Предложените законски измени во прво читање се најдоа пред пратениците по скратена постапка и беа експедитивно усвоени во текот на денешниот ден, но без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за Предлог на закон за дополнување на Законот […]

Повлечени измените на Законот за заштита на културно наследство

10 април 2023

Предлагачите, група пратеници од ДУИ, го повлекоа Предлог-законот за заштита на културно наследство од дневен ред на собраниска седница. Овој предлог, според предлагачите, требаше да ја олесни изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10. Од друга страна, за предлогот имаше жестоки реакции во јавноста, бидејќи се предвидуваше дека „доколку за време на вршење на градежни […]

Пендаровски: Став за потпишување указ ќе има по конечната верзија на законите за автопатски делници

10 април 2023

Треба да ја видиме конечната верзија на сетот закони, па потоа ќе кажеме каков ќе биде ставот во однос на указот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, во врска со пакетот предлог-закони поврзани со изградбата на автопатите, предложени по скратена постапка. Со 55 гласови „за“, пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијанса, без ЛДП и без пратеничката […]

Законот за амнестија на осудените од 27 април не помина, обвинувања кои пратеници не гласале

17 март 2023

Откако пратениците од Собранието вчера не го прифатија предлог-законот за амнестија на осудените за „крвавиот четврток“ од 27 април 2017 година, денеска опозициските пратеници се расправаат зошто дел од нив не гласале за овој предлог кој беше поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, по претходна иницијатива на адвокатите Јанаки Митревски и Драган Пешевски. На вчерашното гласање 58 пратеници […]

По протестите, Грузија го повлекува контроверзниот предлог-закон за „странски агенти“

9 март 2023

Грузиската влада соопшти дека се откажува од контроверзниот предлог-закон за „странски агенти“, откако жестокиот отпор кон истиот кулминираше изминатите две ноќи со насилни протести. Предлогот наиде на критики дека е инспириран од сличен руски закон што се користи за задушување на несогласувањето. Владејачката партија Грузиски сон соопшти дека ќе го повлече нацрт-законот што претходно го […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за амнестија за осудените за упадот во Собранието на 27 април

3 февруари 2023

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РСМ денеска поднесе предлог-закон, инициран од адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски, за целосна амнестија на лицата осудени за упадот во Собранието што се случи на 27 април 2017 година. „Овој предлог е само продолжение на претходниот закон за амнестија, кој е донесен во декември 2018 година, но […]

Заштитата на Матка мрдна еден чекор, Владата го усвои Предлог законот за прогласување на заштитено подрачје

1 февруари 2023

Владата на Северна Македонија на денешната седница го усвои Предлогот на законот за прогласување на Кањон Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата. Со тоа, децениското игнорирање на едно од највредните подрачја во земјава се приближува кон крај, а постапката за заштита направи еден чекор напред. Во следната фаза законот треба […]

МОН: Изготвени нови предлог-закони за средно образование и за средно стручно образование и обука

13 декември 2022

Преку посебна работна група е изготвен нов предлог-закон за средно образование, во кој централно место, покрај бројните нови права и можности за учесниците во воспитно-образовниот процес во средните училишта, има и ангажирањето на образовните асистенти по истиот принцип како и кај основните училишта, информираше денеска Министерството за образование и наука (МОН). Со новиот Закон за […]

Сојузот на средношколци подготви предлог за законско уредување на средношколската демократија

30 септември 2022

Сојузот на средношколци (ССРСМ) подготви предлог закон, според кој средношколското раководење и демократија ќе бидат токму во рацете на секој еден средношколец во државата. Според Сојузот, овој закон го регулира и демократизира ученичкото организирање за првпат во историјата на државата. Од ССРСМ истакнуваат дека Законот за средното образование кој е донесен во 1995 година е […]

Законските измени за матична евиденција се „сопнаа“ на родовиот идентитет

24 јуни 2022

Главните промени на измените и дополнувањата на Законот за матична евиденција, кои во Собранието беа доставени минатата пролет, но Владата ги повлече од собраниска процедура во март оваа година, се однесуваат на родовиот идентитет. Со овие законски измени требаше да се направат промени во дефинирање на родовата политика во матичната евиденција, на тој начин што […]

Бавно се менуваат законите за јавна администрација

8 мај 2022

Законите што ја регулираат работата на јавната администрацијата постојат и биле предмет, но и сè уште се, на делумни измени, дополнувања или целосни промени. Сепак, овие унапредувања на законските решенија одат побавно од очекуваното, се наведува во Извештајот на „Метаморфозис“ за реформите во јавната администрација насловен како: „Администрирањето“ со администрацијата – клучен предуслов за реформите, […]

Страна 1 од 5