fbpx

Усвоен текстот на предлог законoт за прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје

Според предлог законот, Охридското Езеро се прогласува за споменик на природата заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните природни вредности

-

На иницијатива на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на денешната седница го усвои текстот на Предлог законoт за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата. Тој ќе биде доставен за усвојување до Собранието на РСМ.

Според предлог законот, Охридското Езеро се прогласува за споменик на природата заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните природни вредности како дел од Светското природно наследство на УНЕСКО и еден од најважните рефугиум центри на биолошката разновидност во европски и светски рамки.

Со споменикот на природата – Охридско Езеро ќе управува Јавното претпријатие Колекторски систем. Планот за управување со Споменикот на природата – Охридско Езеро ќе треба да се донесе најдоцна во рок од една година од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Со прогласување на споменикот на природата – Охридско Езеро се овозможува:
• заштита и зачувување на природната состојба на Охридското Езеро преку заштита и зачувување на живеалиштата и видовите од национално и Европско значење и заштита на другите природните вредности;
• спречување на дејствија што можат непосредно или посредно да предизвикаат нарушување на живеалиштата и екосистемите;
• создавање на поволни услови за заштита, зачувување и унапредување на биолошката и пределската разновидност;
• одржливо користење на природните ресурси на начин на кој не се загрозува опстанокот на живеалиштата и видовите.

Процесот е поддржан од Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) во Виена и Меѓународната унија за заштита на природа (IUCN), Канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) и од национални институции и експерти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...